ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО – АЛЕК ПЕТЛИЧКОВ – ОСНОВОПОЛОЖНИК НА АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНКА“

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Алек Петличков ја има истата судби­­­­на како голем број Македонци во светот, особено оние кои имаат потекло од егејскиот дел на Македонија и кои присилно ги напуштиле дедовските прагови во родните места. Тој е жива ле­­генда за Македонците во Торонто. Петличков го формира ансамблот „Македонка”“ од Торонто, кој е еден од нај­ста­­рите, најдобрите и најпознатите фол­клорни асоцијации во македонското исе­­леништво во светот. 

Алек Петличков е роден во Егејска Ма­­­кедонија на 6 март 1941 година, во селото Буф, Ле­ринско, каде што поминал шест години од својот живот. Во 1947 година, со големата армија на децата прогонети од Беломорска Ма­­кедонија, во која бил и Алек Петличков, прво отишле во Би­то­ла, а потоа во Валандово.

Според историските податоци, особено во книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Буф дава многу опширен и детален опис за географијата, местоположбата и природните одлики на околината

Тој запишал. дека селото Буф се наоѓа 3 ½ часа на северозапад од Лерин, при што од запад селото е заградено со планината Баба, од север е заградено со еден нејзин не многу висок разгранок којшто се одделува кај врвот Баба и се спушта кон исток и завршува кај с.Клештино, додека од југ и југоисток видикот на селото повторно е заграден со висок разгранок од планинската верига кој оди, исто така, кон исток и кој на завршетокот се раширува и се доближува до северниот разгранок кај Клештино.

Инаку, Буф е село вo Егејска МакедонијаГрција, вo општина Лерин, кое според пописот во 2001 имало 134 жители). Меѓутоа, во времето на посетата на Ѓорче Петров во 1896 година Буф имало 200 куќи со 2120 жители, сите Македонци под духовенство на Егзархијата, а селаните се одликувале како многу јуначни. Улиците на селото биле нерамни, а некои биле поплочени со тесна груба калдрма. Тоа е сместено е на надморска височина на околу 1000 метри, под источните падини на Баба Планина, расположено во котлината која ја формираат планините Баба и Бигла.

1ser1234
Училиштето во Буф

Селото Буф многу настрадало во Граѓанска војна во Грција, каде, според пишаните документи, во текот на борбените дејствија селото дало повеќе од 250 борци припадници на ДАГ, а своите животи ги положиле околу 120 буфчани, додека 30 борци од селото трајно останале инвалиди. Поради воените дејствија, се смета дека само во Македонија пребегнале 189 семејства со 686 члена, а околу 96 семејства со 140 членови побегнале во источно европските земји. По нормализацијата на ситуацијата, а поради силниот притисок и терор од страна на грчките власти, започнал силен бран на емигрирање во прекуокеанските земји.

Во 1957 година Алек од род­­ната македонска земја се преселил во Торонто, каде што и се оженил со својата избраничка и играорка Мери Џигомано­ва, ро­дена во селото Баница, Леринско, која заедно со своите деца сите овие години е душата на „Македонка”.

Покрај фамилијарните обврски, Алек е жива ле­­генда за Маке­дон­ците во Торонто. Под неговото не­се­бично залагање и работа, преку фол­клорното учи­лиште на „Македонка” поминаа стотини маке­дон­ски младинци, кои го изучија македонскиот мелос и фолк­­лор, а некои од нив се оспособија да бидат ко­рео­графи и водители на играорни групи. Не­говите залагања и денес се темел за работа на повеќе играорни гру­­пи во Канада и во Америка.

Целата негова активност беше забележана од ма­ке­донската еми­гра­ција, така што на годишното изборно членско собрание за мандатниот пе­риод 1987 и 1988 го­дина бил избран за претседател на црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто, а, исто така, бил потпретседател и член на Управата.

Не­сомнено, популарниот Алек Петличков е еден од најзначајните ак­ти­висти, Македонец кој го обележа ова време со позитивности и кој во си­те години, извонредно многу придонесе во животот на македонската колонија во главниот град на провинцијата Онтарио – Торонто. Тој е кореограф со најдолг стаж (повеќе од 55 години) во една фолклорна група меѓу Македонците во светот.

1ser1235

Ансамблот „Македонка”“ од Торонто, Ка­на­да, е еден од нај­ста­­рите, најдобрите и најпознатите фол­клорни асоцијации во македонското исе­­леништво во светот. Како фолклорна група е формирана од  ентузијасти и вљубеници во ма­­кедонското оро и песна, кои потекнуваат претежно од Беломорска Македонија

На почетокот по формирањето во 1959 година, ра­­ботел под името „Пелистерско оро”, кога и го започнал своето аматерско дејствување со организирање на концерти. Набргу по формирањето веќе стек­­­нал популарност и углед меѓу Македон­ците на тие простори, така што кон него се приклучиле сѐ по­голем број млади кои со голема љу­бов и жар го учеле, презентирале и негувале бо­гатството на македонската иг­ра и песна. Се чини концертот што оваа играорна група го одржала на 24 април 1966 година, во црковата  „Свети Климент Охридски” од Торонто бил пресуден за нејзината иднина.

Активностите на полето на фолклорот започнале во април 1969 година, кога во про­сто­­риите на црквата „Свети Климент Охридски” се собрале гру­па момчиња и девојчиња од македонско потекло кои биле членови на играорната група „Пелистерско оро” и сите заед­­но, вљубеници во фолк-музиката и орото, ја формирале ма­кедонската фолклорна група „Маке­дон­ка”. Тоа било и првпат спонтано и многу решително во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во То­ронто да се поттикне идејата за формирање на еден по­голем ансамбл, кој бара работа, истрај­ност, ентузијазам и залагање.

Секако дека големата желба беше преточена во ра­­ѓањето на новата група. Уште на самиот почеток то­гаш­­­ниот потпретседател, а подоцна прет­седател на црк­вата, професор Филип Ангелковски, како искусен музичар и културолог, заедно со кореографот и фолклористот Алек Петличков, а со поддршка на  членовите на Управата на црквата, чиј генерален секретар беше авторот на овие редови, Славе Катин, се поставија темелите на Играорната група „Македонка”.

Од членовите на управата на црквата „Свети Климент Ох­ридски” се прифати предлогот групата да работи ама­терски, а сиот остварен при­ход да биде наменет за општи­ната, која ќе се грижи младите да ги имаат сите ус­лови за ра­­бота и за докажување. За главен ороводец  и корео­граф на „Македонка” бе­ше од­реден еден од втемелувачите и најверни чле­­нови Алек Пет­лич­ков, а во управата влегоа: за претседател Вла­до Шу­ков­ски, негов заменик Тами Папаѓанис, секретар  Ели­за­бе­та Пиљурева и благајник  Дијана Ману.

Првиот успех Играорната група „Македонка” го имала на големиот семакедонски пикник што го орга­ни­зи­рала националната организација „Обединети Маке­дон­ци” во летото 1969 година, кога се собрале повеќе од 15.000 посе­тители. Оттогаш започнале да се редат повеќе концерти не само во рамките на македонската заедница, туку и пред канадската публика. Така на 25 октомври 1969 го­дина, во големата сала на црквата „Свети Кли­мент Охрид­ски”, Фолклорната група „Македонка”одржала концерт и се претставила на публиката со своја програма.

КУД „Македонка” има реализирано повеќе турнеи во Ре­публика Ма­ке­донија од 1971 година до денес, ко­га учествувале на бројни фол­клорни фествали и други манифестации, меѓу кои: на „Илинденски де­нови” во Би­тола, „Скопско лето”, „Иселеничките средби” во Трново, Ре­сен, Свети Наум, Крушево и на други собири.

Преку асо­ци­ја­цијата „Канадско фол­клорно-артистички совет” „Ма­кедонка” и во 1979 го­дина, како прва македонска група настапи во про­вин­­цијата Нова Скошија, при што, во конкуренција на повеќе од 80 етнички фол­клорни групи, од селекторите била избрана да ја претставува про­винцијата Онтарио на Ка­надскиот фестивал на културно наследство. Тоа било голема чест и признание за чле­новите на Ансамблот „Македонка”, и за големата македонска провинција во Торонто.

Како претставник, пак, на провинцијата Онтарио Ансамблот беше на гостување и во Саска­че­ван. Но, секако, најголем успех по­стигна во 1983 година кога на Ме­ѓу­на­родниот фестивал во Сан Хуан во Порторико, КУД „Македонка” достојно ги бра­неше боите на Канада со игрите и песните од Ма­ке­до­нија. Исто така, има остварено турнеја низ Австралија, каде што постигна видни резултати во македонските заедници  а и пошироко на петтиот континент.

Кога ќе се сублимираат настапите на Ансамблот „Македонка” од нејзиното формирање во 1959 година до денес, меѓу другото, треба да се нагласат следните реализирани настапи и гостувања:

1ser1236Благодарница за „Македонка“ од претседателпт Георге Наумов

Членовите на Ансамблот „Македонка”, главно, се инте­лект­­уалци од маке­донско потекло, но родени во Кана­да, кои со голема љубов и жар го не­гуваат македонскиот фолклор. Поголемиот број од ората што ги из­ведува Ансамблот ги обработил денешниот директор на Ансамблот Алек Пет­ли­чков, за што добил високи признанија од стручњаци за фолклор. Алек денес има вистинска и професионална замена во кореографијата и организацијата во ликот и делото на синот Крис Петличков.

Денес КУД “Македонка” е заштитен знак, тоа е, гордост и репрезент на “Св. Климент Охридски”, но, тоа е и амбасадор на Македонија, која го афирмира и го презентира богатото фолклорно наследство во Канада и во светот. Успешиниот пат продолжува и натаму, младоста со успех чекори напред.

Инаку, Ансамблот „Македонка” е до­бит­ник на голем број награди, признанија и плакети. Но, се чини дека најзначајно  е тоа што Ансамбл бил овенчан со републичката награда „Свети Климент Ох­рид­ски” за постиг­на­тите резултати во афирмирањето и збогатувањето на македонскиот фол­клор во исе­ле­ни­штво..

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

15 thoughts on “ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО – АЛЕК ПЕТЛИЧКОВ – ОСНОВОПОЛОЖНИК НА АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНКА“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *