СТИХОЗБИРКАТА „ДОЖДОТ“ ОД ИЗАБЕЛ И СЛИКОВНИЦИТЕ ЗА САНДРА, ДИНА И МАСИМО КАТИН

КОН ТРИЈАЗИЧНАТА СТИХОЗБИРКАТА „ДОЖДОТ“

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје од печат излезе тријазичната стихозбирка под наслов „Дождот“ на Изабел Катин Скатоца од Рим. Делото е напишано на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: италијански,македонски и англиски. Стихозбирката „Дождот“ беше промовиранана 44-те традиционални „Илинденски исленичките средби“ во печалбарското Љубојно, во Долна Преспа.

Изабел Катин Скатоца е прва рожба на Дафинка и Џампаоло, како и втора внука на Нада и Славе Катин и прва внука на Умберто и Лаура Скатоц. Таа е родена на 26.01.2006 година во Торонто, Канада, каде живееше девет години. Во 2015 година, во пресрет на уште еден предизвик се пресели во Рим, Италија каде сега живее со нејзината фамилија и посетува средно гимназиско училиште.

Изабел има пријатели од скоро секое ќоше на светот и преку нив таа продолжува да учи и да го развива своето разбирање за различни култури и верувања. Но, она што најверојатно е најкарактеристично за Изабел е нејзиното убедување дека – како што таа рече кога имаше шест години:

„…сите луѓе се добри,

но понекогаш прават грешки“.

Оваа изненадувачки длабока мисла дава надеж дека нејзината генерација и оние по нив ќе постигнат повисок степен на свест и хармонија отколку од предходните.

1kul1234  1kul1235Нејзината стихозбирка „Дождот“ е напишана на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: англиски, македонски и италијански. Исто така, таа течно зборува и француски јазик По нејзино барање нејзината прва книга се промовира во Љубојно на 2-ри Август 2017 година, на големиот македонски национален празник Илинден. На овој празник Изабел и нејзиното семејство скоро секоја година доаѓа од Рим за да се радуваат на средбите за Илинден.

На средбите, пред голем број присутни, особено ученици за стихозбирка „Дождот“  зборуваа Болјана Лубаровска и Славе Катин, а се обрати на македонски и авторката Изабел Катин Скатоца.

Инаку, подготовката и печатењето на стихозбирката го направија нејзините дедо Славе Катин и баба Наде, како во знак на искрена поддршка и верба во нејзиниот креативен исказ. Но, уште повеќе, оваа книга е поклон полн љубов. Стихозбирката „Дождот“ е ексклузивно издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на уредникот Славе Катин

Стихозбирката „Дождот“ е израз на нејзината љубов кон пишаниот збор.Таа содржи текстови на трите јазици во кои се дадени опширни податоци за авторката, а во продолжение се поместени 50 детски песни. Песните се огледало на нејзините детски способности, погледи, љубов и дарба. Тие се напишани на лесен и разбирлив стил преку кои таа го изразува своето познавање на трите јазици што ги зборува, потоа љубовта кон природата, кон лугето на целиот свет, а особено доаѓа до израз почитта кон нејзините три татковини: Канада, Италија и Македонија.

Инаку, покрај стихозбирката „Дождот“ прво нејзино дело е сликовницата насловено „Изабел“, која е огледало на нејзините детски способности и дарба за цртање, љубовта кон боите и хартијата, како секое дете до шестгодишна возраст. Така, Изабел уште од малечка започна да црта, да твори и преку цртежот да ги развива нејзините животни имагинации, љубовта кон семејството и хуманизмот кон сите луѓе во светот. Сликовницата „Изабел Катин Скатоца“ во  2012, година, како публикација на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје на 64 страници на Македонски, италијански и англиски јазик.

Но, како одминуваа детските години Изабел започна да чита, да има љубов кон пишаниот збот и да ги практицира трите  јазици: македонскиот, италијанскиот, англискиот, а да учи и француски и кинески јазик.

Како резултат на таа силна љубов кон книгата, таа започна да пишува поезија. Најнапред на англиски, во периодот кога живееше во Торонто, но се чини „скокот“ во создавање поетски творби го направи во Рим, кај Колосеумот каде живее, таму ги доби инспирациите да пишува на италијански, а со доаѓањата во Македонија, особено посетите на Скопје, Охрид, Виница и Љубојно, каде стекна бројни пријатели кои и’ дадоја поттик да пишува и на македонски јазик.

Затоа, стихозбирката „Дождот“ е ексклузивно издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и е во знак на искрена поддршка и верба во нејзиниот креативен исказ и љубов кон пишаниот збор во нејзините идни перспективи.

Инаку, Нада и Славе Николовски-Катин имаат две деца: Синот Александар, (Алек- кој го носи името на прадедото Алексо- Алек) роден во Скопје на 10 април 1974 година, доктор по ветеринарна медицина – ДВМ и ќерката Дафинка,(која го носи името на пра-пра бабата Дафина) родена во Штип на 19 јуни 1975, професор по англиски, шпански и македонски јазик. Александар е женет со Радмила Николовска, родена Чрчева, во Гостивар во 1974 година, доктор по ветеринарни науки. Тие имаат три ќерки: Сандра, Костадина (Дина) и најмалата – петгодишната Надја.

Сандра Николовска – Катин, е прва рожба на Радмила и Александар, како и прва внука и голема љубов на Нада и Славе Николовски – Катин и на Дивна и Дино Чрчеви. Таа е родена во Скопје нa 23  априлл 2003 година и го носи името на покојната мајка на Славе Катин. На нејзиниот шести роденден Катин објави пригодна монографија со цртежи што таа ги направи во градинката и фотографии од нејзиното  детство кога Сандра ја напушти Детската градинка „Раде Јовчевски-Корчагин„  и го започна своето школување како првоодделенче, живот исполнет со љубов, радост и детски игри. Тоа е периодот кога ќе го започне своето школување како првоодделенче.

Ова дело на Сандра е исполнето со многу мигови од детското слободно време, со многу радост, како и со петки на рачињата, со милувања и бакнежи. Тоа претставува еден траен белег на нејзината силна љубов кон книгата, моливот, фломастерот, бојата…

1kul1236  1kul1237

Сигурно дека нејзината идна определба денес како матурантка е различна  од онаа до 6 годишна  возраст, период на среќното и убаво детство. Затоа,  сликовницата ја потсеќа на среќното и убаво детство кое  е поттикнувач на нејзините идни насоки и перспективи во животот. Секако дека Сандра со својата трудољубивост, жар, благост, воспитание, желба и стремеж за женска убавина има отворени патишта за среќна иднина.

Втората ќерка Костадина (Дина) Николовска – Катин, е родена во Скопје на 21 декември  2006 година. И на нејзиот шести роденден Катин објави пригодна монографија со цртежи што таа ги направи во градинката и фотографии од нејзиното предшколско детство. Третата ќерка Надја, која го носи името на бабата Нада, е родена на 3 јуни  2016 година, , за која уште една година и ќе следи нејзина сликовница

Дафинка, ќерката на Нада и Славе Катин е мажена за Џампаоло Скатоца познат како Џипи (Giampaolo Scatozza – Jippi) роден во Рим, Италијан. Тој завршил Музичка академија во Рим и сега е џез музичар, (бубневи) и професор по музика, со кого има една ќерка Изабел (Isabel) Катин – Скатоца и синот Масимо (Massimo) Катин – Скатоца, кој е роден во Торонто на 8 август во 2007 година. И на неговиот  шести роденден Славе Катин објави пригодн монографија со цртежи што тој ги направи и фотографии од неговото  предшколско детство.

На баба Наде и дедо Славе Катин им се свежи сеќавањата за детскиот период на сите  пет внучиња, за нивните дружења во многу земји во светот, но најповеќе во Македонија, во родната земја на нивните родители. Денес нивните внушиња живеат во различни земји: Изабел и Масимо во древниот Рим, во Италија, Костадина (Дина) учи и живее во Гуелф, во Канада, Сандра и Надја пред една година се вратија од канада во Скопје, каде ќе продолжат да учат и живеат во родната Македонија.

Нивната семејна поврзанот  е за почит. Тие организираат многу заеднички патување во летниот период на многу земји во светот. Меѓуто, магнетот на поврзување што го има Македонија е навистина силен. Целото семејство, особено внучињата на Нада и Славе цела година размислуваат и ја носат Македонија во своите срца Затоа, се очекува во летниот период од 2021 година целото семејство да се собере во Скопје, Охрид и Љубојно, со цел да ги прослави 80-те години на дедо Славе. Тоа секако ќе биде еден светол ден и патоказ да се продолжи почитта и љубовта кон семејството и родната Македонија.

1Dusan Ristevski Пишува:ДУШАН РИСТЕВСКИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *