Данскиот министер за надворешни работи во посета на С. Македонија

Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод денеска ќе претстојува во официјална посета на земјава.

С. Македонија е првата земја од регионот што Кофод ќе ја посети, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Негов домаќин ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На агендата на разговорите, како што соопшти МНР, ќе се најде европското досие на Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а ќе стане збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население. Двајцата соговорници ќе разговараат и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план.

 

One thought on “Данскиот министер за надворешни работи во посета на С. Македонија

  1. This article is fantastic! The insights provided are very valuable. For those interested in exploring more, check out this link: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *