ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА?

1ani

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”) е да го сврти вниманието кон потребата за еден нов став и една нова визија за почетокот на историјата на Централна Европа и, со голема надеж, да промовира непристрастни методи за истражување.

Таа претставува молба за поголема отвореност и чесност, како и за признавање на заедничкото наследство на народите на Централна Европа, без оглед на националноста, јазикот и религијата”. (Стр. XI, Предговор од проф. д-р Тарек Ј. Исмаел, Универзитет на Калгари, Канада, мај 1996, Јошко Шавли, Матеј Бор, Иван Томажич, Венети,

Првите градители на Европската заедница, Влегување во трагите на историјата и на јазикот на првите предци на Словенците” /Dr. Tareq Y. Ismael, University of Calgary Alberta, Canada, May 1996, Jozko Savli, Matej Bor, Ivan Tomazic, First Builders of European Community, Tracing the History and Language of Early Ancestors of Slovenes/)

За среќа, денес на површина излегуваат докази кои ветуваат расветлување на минатото на Македонија, како дел од едно ново сфаќање за предисторијата на Европа. На ова место накратко ќе направиме дигресија со цел да ве запознаеме со дел од новите откритија кои не само што обезбедуваат навестувања за тоа кои биле предисториските Македонци, туку, исто така, ја оспоруваат вообичаената  историја во однос на прецизноста во презентирањето на идентитетот на првите Европејци.

1ani2

Кургани 

Следи еден есеј напишан од Антони Амброжич, автор на неколку дела, вклучувајќи ги книгите “Гордиевиот јазол одврзан”, “Патување назад до Гарумна” и “Збогум Бретања” /Gordian Knot Unbound, Journey Back to the Garumna и Adieu to Brittany/, кој се однесува на преводот на записите врз камења пронајдени насекаде во Европа и кои датираат од предисториско време. Еве што Антони Амброжич има да каже:

“Курганската теорија (the Kurgan theory) за индоевропското потекло, која е широко прифатена уште од XIX век, изложена е на жестоки напади почнувајќи од 70-тите години на XX век и изискува повторно испитување. Нејзина основна пропозиција т.е. сугестија е дека индоевропските почетоци се на северните брегови на Црното Море, онаму каде што денес е јужна Украина.

Оттаму, Индоевропејците, главно, сточарски номади, почнале да се прошируваат, а во четвртиот милениум пред Христа го покориле, ако не и сосема искорениле тогашното мирољубиво земјоделско општество на Европа. Како резултат на тоа, индоевропската курганска култура и јазик им биле наметнати на оние земјоделци кои останале на покорениот континент.

Oна што ги убедило археолозите и историчарите да ја прифатат теоријата толку долго време биле артефактите пронајдени во ископаните гробни насипи (кургани) од XIX век. Курган е кружен гробен насип изграден врз гробна јама што содржи погребни садови, оружје, тела на коњи и едно тело на човек. Било откриено дека првите кургани биле во употреба во руските степи, но во третиот милениум пред Христа се прошириле во источна, централна и северна Европа.

Поддржано од развојното истражување на лингвистичките сличности меѓу постоечките индоевропски јазици, откопувањето на овие кургани ги навело научниците да претпостават заедничко потекло за индо-европските сточари јавачи, кои се’ уште зборувале на еден меѓусебно разбирлив недиференцијален јазик и во четвртиот милениум пред Христа.

Како жалосен идеолошки додаток, Курганската теорија го изродила хибридниот мит за супериорноста на Аријците која се уште е сосема нашироко величена и практикувана, со несреќни последици во првата половина на XX век.

Од се’ поголемиот број внимателни испитувања и новите развои на настаните во изминативе 30 години, Курганската теорија, со секоја измината година, е подложена на уште побројни и побројни удари. Како резултат, таа изгуби многу од својата поранешна веродостојност, т.е. кредибилитет.

1ani3Древна карта за Балканскиот Полуостров

Главните напади врз оваа заплеткана конфузија доаѓаат од три извори. Главниот меѓу нив е научниот напредок постигнат во мерењето за утврдување на староста на јаглеродот C 14. Не многу зад него се најновите откритија во областа на генетиката. Но, најголемо значење имаат над 10.000 глинени плочи со натписи, откриени на Блискиот Исток во текот на последниве 30 години.

Поттикнат од овие нови информации, тврдењата на археологот Колин Ринфру (Colin Renfrew) веќе во 80-тите години од минатитот век фрлија сериозен сомнеж врз Курганската теорија. Суштината на изнесените тврдења од страна на Колин Ринфру е дека археологијата, едноставно, не ги поддржува заклучоците за судирите и загушувањето на пред индоевропејците во четвртиот милениум пред Христа, претходно и дотогаш постулирани со Курганската теорија. Со проширување, според тоа, хипотезата за заеднички индоевропски протојазик, кој се’ уште постоел во четвртиот милениум пред Христа, исто така, била ставена под сомневање.

Според Ринфру, Индоевропејците биле само првите земјоделци во Европа. Она на што ние сме сведоци, вели тој, е подоцнежната револуција од каменото доба, во текот на која полјоделството и одгледувањето стока успеале да ја заменат економијата базирана врз лов и живеење во заедница. А врз основа на доказите од новооткриените глинени плочи, таа револуција се проширила од Анадолија до западна Европа. И уште повеќе, она што е најзначајно за потрагата по индоевропското потекло, тој тврди дека таквата експанзија се случила 3.000 години порано од она што го тврди Курганската теорија.

Значи, она со што ние се соочуваме се две фундаментални отстапувања од Курганската теорија. Прво, дека индоевропската експанзија во западна Европа била мирољубива и не била придружена со геноцидни упади; и второ, дека таа се случила 3.000 години порано. Денес, Марио Алинеи (Mario Alinei) е оној кој најмногу се заложува за усвојување на аргументираната сила на ваквите расудувања, а која привлекува внимание.

Пензионираниот декан на Универзитетот од Утрехт /Utrecht/, денес е директор на неколку лингвистички списанија и претседател на Советодавниот совет на УНЕСКО по прашања сврзани за оваа материја. Како автор на испитувањето на историските аспекти на индоевропските почетоци, од 1.800 страници, тој заклучува дека Индоевропејците живееле во Европа, главно, на истите територии на кои живеат и денес уште од каменото доба.

Она што е најважно кај оваа теорија е тоа што Алинеи посебно се занимава со Словените (а особено ги нагласува Словенците) и заклучува дека тие, уште од античко доба, живееле на просторот на југоисточна Европа и, натаму, дека тие оттаму се прошириле во правец на север и на североисток.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *