СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА САГА НА СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ 

Во ова продолжение ќе  претставамдел од приказната за Светле (Стив) Стамевски во Соединетите Американски Државиновата татковина, каде во американски средини ја започнува неговата иселеничка сага. Првото прелетување на Континентот и доаѓањето во Детроит се случило на 21 септември 1971 година. Во 1978 година, решава пак да се врати  во Македонија 

Долга, бурна, необична, весело-тажна, но многу оригинална и секако по многу нешта самосвојна е македонската исепеничка сторија која еве три века едно по друго ја испишува животот. Почната е некаде при крајот на деветнаесеттиот век, многу динамизирана и масовна во дваесеттиот и речиси турбо продолжена без престан во дваесет и првиот век.

Токму дел од неа, од таа иселеничка река која од сите делови на македонската земја тече без запир кон сите страни на светот, од Шведска до Огнената Земја, од Алјаска до Австралиско -новозеландските и Американско-канадските широчини и должини.

Тажна е македонската преселничка сага. Тажно е заминувањето до опустување на цели села, улици, регии, и на откорнувањето за навек на цели семејни стебла, стари со векови. Но, тоа е нашата стварност. Тоа е македонската  вистина. На овие страници, во оваа монографија, ја сместувам вистината за Стамевци. Позната, долго-децениска фамилијарна заедница која во Тетовско Одри е најдолговечно задомена, но нејзините членови биле распрскани по разни други места во потшарпланинските атари.

Светозар, Светле, Стив, како и да го наречеmе нема да го згрешиmе, е најпознатиот од сите машки рожби. И во Македонија и во Америка, тој е оној стамен, горд, вреден, умен, личен и угледен семеен човек, докажан бизнисмен кој од своите предци, од своите родители ја наследил снаодливоста, честитоста, работливоста, и се’ она најдоброто што може да биде збрано во еден човек, како што е тоа нашиот, Светозар-Светле Стамевски.

1mico1Дел од семејството Стамевски

Во опширните разговори Светке (Стив) Стамевски ми ги даде и овие подати за кои се потрудив да ги забележам се’ со цел да останат забележани за идните генерации на семејството Стамевски. Така, Светле ми го кажал и следното:

„Bo големиот северноамерикански континент дојдовме на 21 септември 1971 година. Сите заедно рамно тринаесет души од фамилијата и од некои други места бевме во авионот на Пан Америкен, кој леташе од Белград за Детроит во директна линија. Јас првпат тогаш се качив на авион. Интересно чувство и необично доживување. На аеродромот не пречекаа педесеттина, а можеби и повеќе што братучеди, што познати, што непознати“, живо се присетува Светозар-Светле.

Тој уште како дете слушал деноноќно или бил сведок на гурбетџиско-печалбарските маки низ кажувањата и доживувањата на дедо му Крсте Стамевски кој во далечната 1919 година се качил на параходот и заминал во туѓа земја непозната. А, штотуку замомчениот Светозар-Светле со своите осумнаесеттина години, тргнува по стапките на дедо му и тој заминува по белиот свет.

Случајот е ист или идентичен со судбината на дедо му на авторот на овие редови, Славе Катин. Имено, и неговиот дедо Алексо (Алек) Ристов (Грежловски)  од Љубојно во 1919 година заминал со параход за Соединетите Американски Држави, за Детроит и се приклучил во заедницата на печалбарите  од Преспа.  А, Славе Катин, како студент во Белград, во 1965 година заминува на посета кај дедо му Алексо во Детроит, по еден месец да се врати назад во Македонија, за во изминатите 55 години да го прелета Атлантскиот Океан 71 пат-двосмерно.

Заминѕвањето на Светле за Детроит значеше продолжување на печалбарската традиција во фамилија-та. Посебно што и веќе и станувало тесно во Одри, кога татко му со петте браќа како и да го делел имотот, ќе бил недоволен за сите да може добро да живеат од земјата. А најважното е дека Светозар-Светле сака лично да си ја проба среќата, да си го пробива својот пат и да успее во животот. Co таа мисла го напушта тетовскиот крај и се преселува во Детроит.

Во Америка, заминува со татко му, мајка му и целото семејство, решени да почнат сосема од самиот почеток. Но, таму не било лесно. Ќе се почувствува небаре глув и нем, згора и понижен во новата средина кога не знае да изусти ни збор англиски. Кројат планови од каде да почнат. Светозар-Светле веќе место не го држи. И за среќа нема да чека долго на шансата. Само по четири дена откако ќе стаса, тој се вработува, со помош на чичко му во една фабрика за надница од три долари на час. Работел педесет и шест часа и зел 141 долар. Толку пари за два и пол дена.

1mico2Тврдомир и Светле со семејството на Томислав Стојановски – Бомбај 

Светозар-Светле Стамевски, јунакот од нашава книга, ја продолжува својата приказна. Тој потсетувајќи се на времињата минати, раскажува како татко му Тврдко, не можејќи да го издржи печалбарскиот живот, а носталгијата во првите години и нему и на сопругата им ја разјадува душата, бараат чаре како натаму. Само по четири месеци се категорични дека за нив е надобро ако се вратат назад дома во Одри. И се вратиле за да не им останеле нивјето необработени.

Светле останува сосема сам и тоа му било многу тежок период на неговиот американски живот. Татко му во Одри си дава сам на себе аманет дека никогаш веќе нема да ја напушти Македонија. Но, плановите не излегуваат според домашниот есап. По извесно време, татко му пак се враќа од Одри во Детроит. Само што дошол, се случува голема семејна трагедија. Во средата го пречекуваат младиот син и брат, а за жал, во неделата наутро на 16 октомври 1972 година загинува неговиот брат. Тогаш Светле преживува многу трауматични мигови, како и целата фамилија.

Работи напорно, се’ до мај следната година и некако сиот тој несреќен сплет на околности по трагедијата на братот, мајка му и него ги враќа назад дома во родното Одри. Но, никаде не може да се залекува тешката тага и болка за загубеното чедо, за несреќно загинатиот брат. Светле само пет месеци останува во Македонија, кога и се вработува во Југохром, со Славко Наумовски и со Живко брат му кој бил во Железарницата. Издржал две недели во Југохром. Никаде не го собирало. Барал утеха, ама не ја нашол и затоа повторно решава да замине за Америка.

Се вработува во истата фабрика во Детроит. Co него заедно е и татко му. Ама како обемот се намалил, и како слабо му одело на менаџерскиот тим, нив и двајцата ги отпуштаат истовремено.

Toa ги натерало да побараат излез во друга област и најпрво таткото а потоа и Светле се вработуваат во еден ресторан.

Во меѓувреме си дава цврста задача да мора час побргу да го совлада англискиот јазик, оти без тоа се би било речиси невозможно. Како рекол, така сторил. Го научува доста добро англискиот јазик. И самиот е задоволен од сопствената упорност и од вкупниот резултат.

Во 1978 година, решаваат пак да заминат во Македонија. До Холандија доаѓаат со брод а оттаму со автомобил дури до Одри. Како млад, како личен беќар им го привлекувал окото на многу млади девојки. Но, Светле е некако манаџија и не е лесно да се реши за така бргу и да се ожени. Останува пет месеци. За тоа време се расшетувал низ Македонија, ги крстосувал многу краишта, каде се’ не бил, и на крај пак решава да тргне за Детроит. Но, тогаш заедно со сестра му и децата.

Продолжува

11slav Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КИ БИЗНИСМЕН ВО САД (11)

SHARE