Заев и амбасадорот на САД во Грција Пајат разговарале за енергетско-економските иницијативи

На маргините на конференцијата на „Економист“ во Атина, премиерот Зоран Заев, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат во чијшто фокус биле енергетско-економските иницијативи.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата присуствувале и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Заев изразил благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет и рече дека денешното потпишување на Договорот за гасниот интерконектор е историски за Северна Македонија од аспект на тоа што Северна Македонија  првпат инвестира во Грција во еден ваков стратешки проект за целиот регион.

-Дополнително премиерот Заев го информираше амбасадорот Пајат за актуелните политички и економски процеси во Северна Македонија и изрази благодарност за неговиот фокус на проектите во земјата и целиот Западен Балкан, се наведува во соопштението.

мбасадорот Пајат изразил силни заложби за интензивирање на стратешкото партнерство, а како што рече, потпишувањето на денешниот договор е од големо значење, и за Северна Македонија, и за Грција и за САД.

На состанокот се разговарало и за одличната соработка во одбраната и НАТО партнерството, како и за неодамнешната заедничка вежба на американски, македонски, грчки и бугарски војници.

Амбасадорот Пајат подвлече дека посетите на премиерот Заев во Атина се важни и даваат позитивен импулс на зајакнување на соработката меѓу двете земји, се наведува во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *