Потврдена отворената поддршка на Словенија за остварување на стратешките определби на Република Македонија за членство во НАТО. Ова на денешната средба со д ржавниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски го истакнал бригадниот генерал на Армијата на Словенија, Милко Петек, кој престојува во работна посета на Македонија.
На средбата, како што соопштија од МНР, државниот секретар Димовски изразил задоволство поради ревитализирањето на фокусот на НАТО во регионот на Југоисточна Европа и потврдената посветеност на Алијансата за политиката на отворени врати врз основа на индивидуалните заслуги на земјите аспиранти. Во овој контекст, тој изразил благодарност и за континуираната поддршка од страна на Словенија за остварување на аспирациите за евро – атланската интеграција на Македонија.
– Бригадниот генерал Петек, воедно, ги поздравил активностите на Владата на Република Македонија на реформски план, како и за натамошно унапредување на односите и соработката со земјите од непосредното и поширокото соседство, стои во соопштението.
Wow, incredible blog format! How lengthy have you been blogging for?
you make running a blog look easy. The full look of your web site
is fantastic, let alone the content! You can see similar here sklep internetowy