Де Соуза: Потребен е дијалог меѓу Софија и Скопје без кревање врева

Португалија ги поздравува и се восхитува на напорите за дијалог меѓу Бугарија и РС Македонија. Ги поддржуваме конкретните чекори за поддршка на дијалогот, а кревањето врева не помага, туку одмага, изјави днеска португалскиот претседател Марсело де Соуза, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Постојат европски земји со различни позиции по прашањето за проширувањето на ЕУ. Португалија има принципиелен став – го поддржува проширувањето на ЕУ и не сака да има предрасуди за тоа прашање. Во однос на Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, географијата, знаеме дека прашањата се чувствителни, не само за земјите членки на ЕУ, туку и за земјите кои сакаат да и се приклучат, изјави Де Соуза на зедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија

Тој порача дека од најголем важност е да се отвораат патеки преку кои ќе се надминуваат разликите.

– Позицијата на Португалија е за постојан дијалог, разбирање, разбирање на проблемите на другиот, без предрасуди или комплекси за проширувањето на ЕУ, рече португалскиот претседател Де Соуза.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *