Министерот Османи на средби со највисокото раководство на Република Косово

Актуелните состојби во регионот, прашањата значајни за продлабочување на билатералните односи, идните проекти и приоритети кои ќе бидат тема и на следната заедничка владина седница, како и перспективите за соработка во области од заемен интерес, посебно во економијата и трговската размена, ќе бидат во фокусот на денешната официјална посета на м инистерот за надворешни работи, Бујар Османи на Република Косово.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, Османи, освен со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, ќе се сретне и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.

Се очекува да бидат разменети мислења во врска со регионалната соработка, безбедносните прашања, современите предизвици и перспективите на земјите од регионот од интерес за нивната интеграција во европските и евро-атлантските структури.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *