Доаѓањето на западните племиња на западниот брег на Балканот во праисторијата регистрирано е во митовите за Аргонаутите, Кадмо и за Хармонија. Како што митот за Кадмовата сестра Европа и Зевс им послужил на митолозите да ја прикажат колонизацијата на Егејот од страна на Фениќаните, исто така и митот за Аргонаутите ја објаснува колонизацијата на источниот брег на Ладранот од страна на Колхиѓаните од Кавказ. Со анализа на овие два мита може да се добие залучок за истоветната египетско-феникијска етногенеза на колонизаторите.
Фениќаните на Кадмо во Енхилеја на Балканот
Кадмо бил син на феникијскиот крал Агенор од Египет. Неговиот татко го напуштил Египет и се населил во Каанската земја – Феникија, каде се оженил со Телефаста (Агрипа), која му ги родила Кадмо, Килик, Фојникс, Тас, Финиј и една ќерка Европа. Кога Зевс ја грабнал Европа, кралот Агенор ги пратил своите синови да ја бараат сестрата и им наредил да не се вратат без неа во татковината.1 Така започнала колонизацијата на Егејот од страна на Феникијците и тоа од Родос, Крит, Тасос и Беотија, каде Кадмо ја изградил тврдината Кадмеја, околу која подоцна ќе се развие градот Теба, 1313 пред Христа.2 кадмо во Теба живеел среќно со Хармонија, која му родила пет деца. Во длабока старост, сепак, сопружниците биле принудени да го напуштат градот и да му го препуштат тебанскиот престол на својот вкун Пентеј, а потоа со воловска запрежна кола отишле во земјата на Енелјците, на кои им било речено дека ќе ги победат своите соседи Илирите доколку го изберат Кадмо за водач. Кадмо извојувал победа над Илирите (прото-Словени) и загосподарил со нивната земја. Хармонија тука го родила синот Илириј3 според кого оваа област го „добила“ хоронимот Илирија4, а по воловите градот го „добил“ својот хороним Будва (Butoe-Bouthoe).
1 Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), III, 1.
2 Eratosthenes: Cakasterismol & Geographica
3 Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), III, 1.
4 Steph. Byz., De urbibus, ed Gu. Hylander, Basillae, 1568
Енхелејците се палеобалканско-праисториско митолошко племе и биле западни соседи на Македонците и Бригите. Тие се простирале од Охридското Езеро, долж долината на Црниот и Бел Дрим, сè до Боко-Которскиот залив. Јужно, Енхелејците го населувале просторот до Керауските Гори, сега Химари, долж епиротските брегови. Главно се бавеле со рибарство, односно лов на јагули, па оттука и нивниот етноним Енхелејци, што значи „јагулари“. Нивни племиња на исток биле Десарети и Пенести. Според Хигин5 во „Fabulae“ 184 и 240, Кадмовата ќерка Агава, додека биле во Теба, во дионисијска екстаза, видела во синот Пентеј див ѕвер и го растргнала во својата лудост. Кога се освестила, побегнала од Теба и отишла во Илирија. Таму се омажила за кралот Ликотерс во чиј двор побарала заштита. Меѓутоа, кога слушнала дека родителите се на чело на Енхелејците, го убила Ликотерс и му го предала кралството на Кадмо. Според хроничарите, Кадмо и Хармонија се погребани кај Епидамен (денешен Драч). Епидамен (Epidamnon) станал Коринтска колонија дури околу 627 година пред Христа.
5 Gaius Julius Hyginus, околу 64 година пред Христа до XVII век по Христа.
Во митовите „Седуммина против Теба“ и „Епигон“, се вели дека во седмата генерација после Кадмовото бегство, голем дел од Кадмејците биле протерани од Теба од страна на панонските Аргејци од Пелопонез и тие нашле прибежиште кај Енхелејците, каде владееле Кадмовите потомци.
Според Ератостен, војната на Седуммината против Теба се одиграла во 1213 година пред Христа, а десет години подоцна, т.е во 1203 година пред Христа се случила војната на „Епигоните“ кога биле протерани Кадмовите потомци. Според истот автор, Херакле, кој бил од египетско потекло, т.е. роднина на Кадмејците, роден е во 1261 година пред Христа, а неговиот син Скит, со скитската кралица Ехидна, веројатно е роден кога неговиот татко бил во полна сила, т.е. околу 1230 година пред Христа. Од ова се гледа дека Скитите-прот-Словени биле присутни како Илири пред доаѓањето на Кадмо на проторите на западниот Балкан, што го потврдува и Херодот6, кој вели дека Скитската земја се протега до „Енет на Јадранот“.
6 Херодот, Историја, V , 9, Матица Српска, Београд, 1988.
Енхилејците припаѓале на палеобалканската-митолошка популација, како и нивниот јазик на комуницирање, за што сведочат нивните етноними. Веќе е познато дека enhelis значи јагула, додека Desareti значи Шумадинци (das-борвина, dasys-густа шума, arеte-доблест), со главен град Lihnida (lihnos-светилка, факел), денешен град Охрид, а северно од него е планината Караорман–црна шума. Етнонимот на племето Penesti (penestes) значи надничари, додека Pirusti-огнени, ратоборни. Опстанала и многубројната ономастика на ороними, хидроними, итн. како што се Проклетие (pro-klytos: најславни, најголеми), планината Зебес (Зевс) кај градот Кукс, реката Дрим (од drys, drymos, dryma-дабова шума, сплав), Himara (himaros-јарец), Durres или Драч (Dyrahion-два брда) и др.
Од наведените анализи следува дека првата феникијска колонизација на Енхелеиите настанала од Тебанците, било преку Кадмо на чело на Енхелејците против Илирита, или преку мажењето на неговата ќерка Агава за илирскиот крал Ликотерсеј, со неговото убиство и узурпацијата на престолот. Тоа, веројатно, се случило по ѕидањето на беотската Кадмеја во 1313 година пред Христа, што значи дека скитските Илири во тој период ги загрозувале Енхелјците.
За Скитите, Херодот7 истакнува: „Скитите велат за себе дека се најмлад народ на светот…“ и „тврдат дека од првот крал Таргитај до Дариевиот поход против нив, има сè на сè, ниту помалку, ниту повеќе, илјада годни.“ Од ова произлегува дека ако Дариј на Балканот војувал против Скитите во 512 година пред Христа тогаш тие биле присутни на овие простори уште од 1500 година пред Христа, т.е. во периодот на големите преселби на индоевропските народи.
1 Херодот, Историја, IV , 5, 7, Матица Српска, Београд, 1988.
Колонизација на Хил во Енхелеја
Најславниот грчки јунак Херакле, син на Зевс и Амфитрионовата сопруга Алкмена, Персеев внук од египетската династија на Данаидите, имал два сина со име Хил (Yllos). Постариот син Хил од Дејанира, се оженил со убавата Јола и се населил на Маратон. Во војната со својот роднина Евристем од Микена бил победник, но подоцна загинал од Теаѓанецот Ехем во двобој. Помладиот Хил, син на Херакле и нимфата Мелита, е епонимен херој на илирските Хилеи и градот Хил на Коркира (Крф), Хомеровата Схерија, каде живееле Фениќаните (Phaiekes). Аплониј од Род8 истакнува дека тој отишол таму откако ги испоубил своите деца или поради немирите во контитенталниот дел, северно од Епир, каде го основале приморскиот крад Орикос, во близина на Кераунијската гора и покраината Hilly. Со тоа, Хил станал прататко на Хиланите. Хомер9 наведува дека владетел на островот Схерија бил Алкиној (Alkionos), син на кралот на Наусит и Микрид, кој со Арета имал пет сина и ќерка Наусикаја. Живеел во раскошни палати. Наусикаја го прифатила Одисеј, бродоломникот кој со мака стигнал до брегот на феникијската земја. Подоцна се омажила за Одисеевиот син Телемах.
8 Apolonius, Rhodius, Argonautica, ex. Rec. IV. 358, R.Fr.Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813.
2 Homer, Odis., VI, VII, VIII, IX.
Кралот Алкиној се споменува и во митот за Аргонаутите кога успеал Медеја да ја спаси од гонителите од Колхида.
Аполониј10 натаму изнесува дека Хил со една група следбеници емигрирал на Кронското Море (Кварнерски Залив), каде во Илирија основал колонија. Во новата татковина, колонистите се судриле со своите соседи Либурните, кои биле познати морнари-пирати. Во време на Римјаните, Либурнија во Јадранското приморје се простирала континентално од реката Раша во Истра до Крка. Во судирот околу говедата, Хил загинал и погребан е во Истра. Од тогаш, најголемото полуострово на Јадранското приморје има два хоронима Hyllis (Шумадија) и Histria, додека јужниот дел го носи името Hill, а жителите Хилејци (Шумадинци). Хоронимот Хистрија е сложен збор од јонската форма Histia (Istiae)-куќно огниште, жртвеник, храна и зборот во суфиксот „ria“ од јонската Rie (Reie). Реа во митологијата е титанка, Кронова сестра, која на својот брат му ја родила божицата Хестија. Со тоа, полуостровото било посветено на божиците Хестија и Реа, а морето околу него на титанот Крон.
10 Apolonius, Rhodius, Argonautica, ex. Rec. IV. 538, R.Fr.Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813.
Колхиѓаните на Јадран
Колонизацијата на источните брегови на Јадранот внесена е во митот за Аргонаутите од страна на Аплониј од Родос (295-215 пред Христа), поет од Александрија. Поради несогласувањата со својот учител Калимах за основните прашања поврзани со епската поезија, отишол на островото Родос кое му станала негова втора татковина. Тука го објавил својот еп „Аргонаутика“, кој што ни ја претсатвува маршрутата – планот на патувањето на Колхиѓаните во нивната колонизација од Колхида на Кавказ до брегот на западниот Балкан.
Колхида (Kolhis), постаро име Еја (Aia) во митологијата е земја на Кавказ, на источниот бег на Црното Море, јужно од Сауроматска (Скитска) Азија, во денешна Грузија, а крајот се вика Мингрелија и Имертија. Таа била на бреговите на реките Риона и Фасис, која претставувала граница помеѓу Европа и Азија11, каде живееле Колхите. Земјата била мочуришна, градењето се вршело на колци (kol-his од словенскиот збор ко-ље и жижа-куќа), била тоа нездрава еколошка средина, во подножјето на Кавказ, планинскиот венец помеѓу Каспијското и Црното Море, на височина и до 5.633 м., со големо рудно богатство.
11 Херодот, Историја, IV, 37, 45, Матица Српска, Београд, 1988.
За рудното богатство на Кавказ поврзан е митот за Прометеј (Prometheys), син на титанот Јапет и Темида (реката Тамиш), најголем добротвор на човечкиот род. Според Хесиод,12 Прометеј на луѓето им го подарил огнот, во душите им всадил надеж, ги научил да градат куќи, им го открил движењето на ѕвездите, бројките, азбуката и памтењето, како и сето она што земјата го крие во својата утроба. Поради тоа, завидлиовиот и осион? Зевс, кога станал татко на боговите на Олимп, сурово го казнол така што со нераскинливи окови го прицврстил на врв на Кавказ каде трпел најстрашни маки.
Човечкиот добротвор го спасил Херакле додека проаѓал низ Кавказ на пат за земјата на Хесперидите, кога со стрела го погодил страшниот орел кој што на Прометеј му го раскинувала црниот дроб. Во митологијата, орлите биле Зевсови гласници и пророчки птици, „кралеви“ на сите птици. Ономастиката припаѓа на палеобалканската глосологија бидејќи „aietos“-орел, па оттука и антропонимот на кралот на Колхида „Aites“-Ејет и старото име на Колхида Еја-„Aia“, што значи земја на орлите, како и епска придавка за волшебничката Кирка-„Aiaie“.
12 Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 508, 571.
Хелиј на својот син најпрво му доделил власт над Коринт, во соседство на неговите роднини Данаидите од Египет кои владееле со Арголида, но тој земјата му ја отстапил на коринтскиот херој Бун (Vounos). Тоа го направил под услов своето наследство да го добие кога ќе се врати од Колхида.13
13 Apolonius, Rhodius, Argonautica, ex. Rec. III. 242, R.Fr.Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813.
Во Колхида, во областа под Кавказ, Ејет станал крал на Еја и живеел во раскошна палата, со чешма од која течеле мед, млеко, вино, масло и вода. Кога Фрикс, син на беотскиот крал Атамант, на златнорунестиот овен долетал во Колхида, Ејет му ја дал раката на својата ќерка Халкиона, а за возврат тој му го подарил златното руно во знак на благодарност. Кралот Ејет го закачил златното руно на еден даб во Ариевиот гај и поставил страшен змеј да ја чува оваа драгоценост, бидејќи му било проречено дека ќе владее со Еја сè додека го поседува златното руно.
Освен Аполониј од Родос и Херодот14, исто така, ја потврдува египетската етногенеза на Колхиѓаните, бидејќи пишува: „Колхиѓаните се со потекло од Египет и во тоа сам лично се уверив уште пред да слушнам за тоа од руги… Египѓаните ги сметале Колхиѓаните за потомци на Сезострисовите војници, јас, пак, мислам дека тоа е можно бидејќи Колхиѓаните имаат црна и кадрава коса, а единствено Колхиѓаните, Египѓаните и Етиопјаните се обрежуваат (околу машките полни органи)… и дека тие единствено прават ленена ткаенина како Египќаните“.
Изнесусвајќи податоци за походите на различни египетски кралеви надвор од Египет, Херодот15 истакнува дека Сезострис ги прокрстарил и Европа и Азија „… и стигнал на реката Фасид, но не можам со сигурност да кажам дали лично Сезострис оставил еден дел од војската таму да се насели или извесен број негови војници биле озлојадени поради неговите скитања па сами одлучиле да останат на реката Фасид.“ Сезострис припаѓал на 12-тата египетска династија за време на Средното Царство, што хронолошки го опфаќа периодот од 1943-1787 година пред Христа.16
14 Херодот, Историја, II, 104, 105, Матица Српска, Београд, 1988.
15 Херодот, Историја, II, 103, Матица Српска, Београд, 1988.
16 Курт, А., Стари Исток од 3000 до 330 год. пре н.е., ЗЗУНС, Београд, 2004.
Продолжува
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН
A very well-written piece! It provided valuable insights. What are your thoughts? Click on my nickname for more discussions!