Дебата во Европарламентот за Северна Македонија и регионот

Во Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, за Северна Македонија една од главните точки е спорот со Бугарија, за кој се очекува да се изјаснат повеќе европратеници на денешната дебата.

Неколку пратенички групи поднесоа посебен Амандман за поддршка за конструктивниот однос на Северна Македонија и критики за провокативните изјави на Софија, но засега е нејасно дали тој ќе добие поддршка.

Известувачот за Северна Македонија и автор на извештајот, бугарскиот европартеник Илхан Ќучук, пред почетокот на дебатата порача дека е важно Северна Македонија и Бугарија да продолжат со конструктивен дијалог и да постигнат компромис за Акцискиот план, кој редовно ќе се проценува врз основа на Договорот за пријателство и на овој начин „ќе може да се рестартира европскиот процес за Северна Македонија“ и ќе и се овозможи на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција.

– Дополнителни одложувања ќе ја загрозат објективноста на процесот на зачленување, треба да се фокусираме на големата слика, потребно ни е да градиме мостови за обединување наместо ѕидови што разделуваат, изјави Ќучук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *