Зијадин Села побара да нема проблеми при регистрирањето на дијаспората за пописот

На седницата на централното претседателство на Алијансата за Албанците што се одржа во Тетово, партискиот претседател Зијадин Села побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората кои според нивни информации не успеале да се регистрираат за пописот. Според него на денешниот прв ден нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја направат постапката преку интернет.

-Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем алгоритам од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден. Затоа ја користам прилика да се обратам јавно до директорот на Заводот ако се работи за технички проблем да се преземат мерки и да се регулира овој проблем. Да се обратам и на дијаспората-секој кој не може да се попише онлајн да се јави на семејството и блиските во Македонија да ги дадат податоците за да тие ги попишат. Цениме дека е многу важно пописот да се одржи, после 20 години немање попис. Овој процес е важен за државата и не треба ниеден граѓанин без можноста да се попише. Се надевам дека не приредуваат некакви сценарија како на времето Ахмети и Груевски за пописот, изјави Села.

Лидерот на оваа партија за време на новинарските прашања истакна дека бракот како институција правно е повисоко од добивањето државјанство и затоа треба да се олесни добивањето на документот за припадност кон државата.  

-Фактот дека за државјанство да се откажеш не треба да се води некој судски процес, а за да раскинеш бракот треба да се води судски процес покажува дека во правото дека бракот стои како институција многу повисоко од државјанството.  Жално е премиерот Заев што манипулира со овој дел од измените на законот кои ние сме ги предложиле бидејќи ова се однесува само на оние граѓани од 1991 година кои биле затекнати тука кога Македонија прогласи независност и кога автоматски од државјанство на СФРЈ се премина во државјанство на Република Македонија, рече Села.

Тој упати прашање јавно до Заев – колку сведоци нему му требале за да премине од СФРЈ на државјанство од Македонија.

– Очекувам да се извини за оваа неправда, на граѓани на оваа држава која им е нанесена, а живеат тука 30 години, тука и плаќаат даноци, но немаат можности да се вработат, ниту да остварат здравствено осигурување и немаат никаква иднина тука, а тие се десетици илјади граѓани, посочи Села.

Претседателството на партијата на вечерашниот состанок расправа за повеќе политички актуелности меѓу кои и локалните избори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *