Хоџа: До 31 март ќе се пролонгира рокот за откуп на уште 1 500 тони ттутун, а наскоро ќе се знае кој ќе ги купи

Рокот за откуп на тутунот ќе се пролонгира до 31 март за да се докупат уште околу 1 500 тони што како вишок останаа, а набрзо ќе се знае кој ќе ги преземе количините. Ова им го рече минстерот за земјоделство Арјанит Хоџа на тутунарите на денешната средба во Прилеп, одржана на иницијатива на Сојузот на земјоделските здруженија кој бараат одговор за дооткупувањето на тутунот и за измени во правилникот за тутун за новата реколта.

Министерот Хоџа верува дека на наредната собраниска седница ќе се донесат законските измени за пролонгирањето на рокот што како иницијатива на пратеници е доставена, а се чека и епилог од неодамнешните разговори со министерот за земјоделство на Република Турција. Ќе се разгледа, откако ќе ја информира Владата и можноста да се вклучи прилепскиот тутунски комбинат.

-До крајот на официјалниот откуп на тутунот, надвор од договореното се откупени 2 300 тони, покрај договорените количини и денеска имавме средба на барање на Сојузот на земјоделските здруженија како да се надмине проблемот со вишокот што остана. Според процените, останаа неоткупени околу 1 500 тони. На иницијатива на група пратеници, до Собранието е доставена иницијатива за измени на Законот за тутун за да се пролонгира рокот на откупот до 31 март и дотогаш да се откупи тој вишок тутун што остана. Ние навреме сме ги информирале, пратениците доставиле предлог-иницијатива. Седницата, ми се чини, требаше да се одржи во средината на февруари, но тоа е работа на Собранието. Во постојана комуникација сум со пратениците, и со координаторите на пратеничките групи, и очекувам на првата наредна седница, да се изгласаат измените. Може да се изгуби оваа недела, но ќе имаме дополнителни три недели што реално се доволни да се откупат 1 500 тони.  На неодамнешната средба со министерот за земјоделство на Република Турција е разговарано да се изнајде решение, компанија, за да може да се преземе овој вишок и очекувам дека по интензивните разговори во текот на неделата да имаме и одговор од нивна страна за тоа колку би биле подготвени да се откупи ваков вишок тутун. Нормално, ќе видиме и врз основа на одлуките на владата, откакао ќе имформирам за целата ситуација, каква би била и улогата на тутунскиот комбинат за да видиме дали и преку него може да направиме нешто за овој вишок, изјави Хоџа.

Хоџа навести дека министерството ќе се вклучи во преговорите на тутунарите со откупувачите за договорите за новата реколта и измените што ги бараат во правилникот за тутун.

-Зборувававме за изнаоѓање решенија за наредната реколта, имајќи ги предвид проблемите што настанаа во оваа реколта. Очекувам дека заедно ќе имаме средби на Сојузот на земјоделските здруженија, со откупувачите и претставници од Министерството за земјоделство. Ќе информираме и за тоа колкаво ќе биде производството и колку би требало да се произведе тутун за да може да имаме и добра цена, квалитетно производство и без пречки да се одвива откупот. Ги разгледав предлог-измените на Правилниот за тутун, ќе ги видат и службите во Министерството и го охрабрив Сојузот да седнат да разговараат со откупувачите и заеднички да изготват решенија. Што поедноставни и поединствени ќе бидат тие договарања, полесно ќе биде за Министерството за да изградиме законска регулатива, врз основа на нивните барања. Нормално, ги поддржувам во поголемиот дел од барањата кои се покажаа како проблематични во текот на реколтата тутун и очекувам дека за нив ќе има разбирање и од откупувачите. Ако не најдат заеднички договор, ние како Министерство ќе постапиме како што сметаме дека е најправилно, рече Хоџа.

Инаку, заклучно со петокот, 26 февруари, вкупно се откупени 25 200 тони тутун.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија нагласи дека го информирале министерот за останатиот вишок тутун дека има неоткупени и четврта класа, прва берба, но и дел квалитетен род. Го прифатија најавеното пролонгирање на законскиот рок за откупот. Но, во меѓувреме нема да се склучуваат договори за новата реколта додека не ги решат проблемите на заедничка маса со откупувачите.

-Како Сојуз цело време сме во соработка со Министерството и затоа беше оваа средба на наше барање. По измената на Законот, веруваме дека министерството ќе изнајде начин да се дооткупи овој вишок и дека за сиот тутун што ќе биде откупен, и вишокот, ќе бидат исплатени субвенции. Нема да се склучуваат договори за новата реколта додека не седнеме со откупувачите и со министерството во Стопанската комора за да ги прецизираме разликите. Бараме измени на правилниот за тутун, да има прва, втора, трета класа, а четвртата да биде збирна за се што останува, зголемени цени по класи и да се зголеми производството тутун по еден декар, од 180 на 230 килограми, изјави Стомнароски.

Ердем Синаоски, тутунар од Дебреште и од новото здружение „Тутунска надеж“ смета дека министерот ќе го исполни ветеното.

-Задоволни сме од министерот и сметаме дека ветеното ќе го исполни и за дооткупот на останатите количества тутун и за поддршка на нашите барања за новата реколта за да немаме проблеми и д ане бидеме оштетени, рече Синаоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *