МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН ДЕЛ ОСУМ

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа или на други простори. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

.Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија, се одржуваат повеќе од пет децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културната гама на државите во кои се етаблирале, во почетокот на пократок, а подоцна и на подолг рок.

Денес  Македонците од сите делови на Македонија кои „свиле гнезда“ насекаде по светот се само продолжувачи и негувачи на корени и на славното македонско име. Македонија е библиска земја, а македонскиот народ е библиски и христијански, кој своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно, му го должи, меѓу другото, и на празникот Илинден. Овој голем ден верската и национална симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса по која светот ги распознава Македонците.

Сето горенаведено е пренесено во публикацијата на Славе Катин, насловена „Илинден 1903-2003 и македонските иселеници,„Македонска искра“ – Скопје, 2003, 1-232  (на македонски јазик). Исто така, во публикацијата е пренесено дека Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

Највидните корифеи и протагонисти: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи Димов и плејадата други, му дале импулс и поттик на револуционерното движење, го омасовиле, ја доразвиле народно-демократската концепција за философијата на самородната автентична револуција.

Својата вековна слобода, но само во вардарскиот дел, Македонија ја извојувала во Народноослободителната борба што ја водела во текот на Втората светска војна против германско-бугарско-италијанските фашистички окупатори. Во текот на, речиси, петгодишната крвава борба, во која Македонија дала преку 20.000 жртви, во заедница со другите југословенски народи од поранешна Југославија

Од 1991 година па до денeс Македонија минува низ макотрпен период во својата демократска трансформација. Жилаво се бори со тешките економски, социјални, меѓуетнички, верски и други проблеми, кои ја потресуваат од корен. Иако со статус на членка на Обединетите нации и НАТО, асоцијативна членка на Европската унија, на Советот на Европа и на многу меѓународни организации, македонската млада држава, сè уште не може да се ослободи од старите апетити на некои соседи, но и од глобалните интереси на големите држави, кои се прекршуваат на Балканот.

Публикацијата „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-192, на турски јазик, во превод на Нестрин Омер Наумовска и Халит Зеинулах) во која се дадени неговите патувања и трагања ширум Турција. Притоа посебно место во книгата имаат средбите и разговорите на авторот особено со Македонците муслимани и Турците кои водат корени и се тесно поврзани со Румелија, односно Македонија.

Делото содржи текстовите за Република Турција, татковината на Кемал Ататурк која е земја на големите контрасти, а Истанбул е најголем економски и културен центар кој се протега на три морски брега и се просна седум ридови. Тој е градот на Јустинијан I кој бил роден во селото Таор, кај Скопје, во Македонија, а бил византиски цар, император на Источното Римско Царство.

За многу луѓе на светот е предизвик да се посети татковината на Кемал Ататурк. Земјата на големите контрасти, која се разликува од онаа Турција во минатото.  Земјата која била освоена од Александар Македонски и приклучена кон Македонската Империја. Потоа империјата во кoja беше и Македонија цели пет векови. Кемал Ататурк чии родители потекнуваат од Македонија, од селото Коџаџик, Дебарско (а тој се води дека бил роден во Солун), е човекот кој животот го посветил на Турција и на нејзината посреќна иднина. Човекот кој, меѓу другото, ја одбулил турската жена, ја одвоил верата од државата и го воведе латинското писмо во турскиот јазик. Тој е човекот кој е широко прифатен од народните маси. Затоа патување во Турција се предизвик и во исто време големо задоволство.

Бизантион, Цариград, Константинопол, Истанбул. Доста имиња за единствениот босфорски град. Доста страници во историјата говорат за неговата многувековност и опстојување. Славата го следи уште од моментот кога римскиот император Константин решил да ја пресели престолнината од Рим во Визант, како што тогаш се нарекувал Истанбул. Денес тоа е град со многубројни сведоштва за културно-историското минато, со споменици од византискиот и од отоманскиот период, а во исто време е најголем економски и културен центар на современа Република Турција. Всушност, Истанбул е раскрсница на азиската и европската култура, цивилизација и религија. Тој, всушност, претставува врата од север кон југ и од исток кон запад.

Во Истанбул има над 50 царски палати и други културно-историски споменици. Најпознатата меѓу нив е палатата на Топкапи со преубавите царски одаи и хареми. Да споменам дека во музејот “Топкапи” ги видовме и специјалните чинии што ја менуваат бојата при допир со отров, наменети само за царевите. Без здив останавме и пред дијамантот познат како “Кашички елмас” и пред камата украсена со дијаманти и други непроценливо вредни предмети.

Турските истражувачи велат дека ни неговите постојани жители не ги знаат доволно сите негови убавини. Не се знае ни точниот број на неговото население. Според официјалните документи, во Истанбул живеат околу 10 милиони жители, меѓу кои голем број Македонци христијани, Македонци муслимани и Турци родени во Македонија. Затоа, токму во Истанбул, пред концертот на Националниот ансамбл „Танец“ што се одрша во септември 2008 година беше промовирана публикацијата „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин.

Делото, пак, насловено „Илинден во Љубојно и Преспа” од Славе Катин и коавторот Бошко Рајчовски-Пелистерски од САД, чиј издавачи се „Македонска искра“, Скопје и Македонско друштво „Љубојно“- Детроит, 2013, 1-320 (на македонски и англиски јазик). е посветено на Илинден, на илинденските иселенички средби во Љубојно и Преспа. Илинден, Втори август е запишан со позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија беше конституирана во држава.

Исто така, во ова дело акцент е ставен на сто и педесетината македонски православни цркви во цела етничка Преспа и на бројни цркви во дијаспората, како дел од црковно-националното живеење на Македонците во иселеништвото.

Монографското дело „Илинден во Љубојно и Преспа” беше промовирано на јубилејните  40-те „Љубанските илинденски исленички средби“,  на 2 Август 2013 година, на прославата 110 години  од Илинденското востание. На денот Втори август кој е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија се конституира во држава.

А, Илинден, тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија, го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно место. На Илинден во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати.

На Илинден во Љубојно се собираат голем број иселеници од прекуокеанските и од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи и бројни повратници од Преспа, Битолско, Охридско и од други места.

Желбата на сите е средбите во Љубојно да бидат вечни, затоа што и Македонија е вечна. Таа постои уште од античко време, кога и била формирана големата и славна Македонска Империја на Филип и Александар Македонски.

Населението од Преспа, а особено љубанци се верници и страсни приврзаници на христијанската – православна вера. Затоа, уште од дамнина започнале да градат цркви и манастири, кои служеле и служат како најмасовни собиралишта на национално и верско обединување. Таквата љубов кон верата, кон нацијата, кон сопствената црква и кон Македонија, љубанци заедно со другите Македонци од етничка Македонија ја продолжиле не само во Македонија, туку и на новите простори низ светот. Така, со доселувањето во новите средини Македонците станале едни од најактивните луѓе кои почнале да градат цркви каде што се доселиле низ целиот свет.

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, всушност е само откинат дел од вистината за овој предел на етничка Македонија. Таа е збир на факти, искажувања и придонес на авторот и на голем број Македонци со позитивна енергија ширум светот. Затоа и пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги забораваат корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на македонската државност, јазик, црква, култура, обичај, верувања, и чувари на македонската земја и вистината за тој напатен дел од Македонија – Преспа.

Ова илустрирано дело излезе благодарение на големиот број содружници, пријатели, интелектуалци, обични, едноставни вљубеници во овој дел на Македонија и насекаде во светот. Сите тие со своите сеќавања, податоци, финансиска помош и позитивен однос кон својата татковина Македонија помогнаа монографијата да види виделина од македонското Сонце.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

Прочитајте и:

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 7)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 6)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 5)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *