Гурбетџиството кај Македонците

Гурбетџиството кај Македонците било големо. Но, затоа и радоста е голема кога се слават 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко. Таа  претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Во овој вековен иселенички живот во Канада Македонците претрпеле многу тешкотии, премрежија и опасни времиња. He малку од нив дошле во туѓина без никој и никаде. Сами, без познавање на јазикот. Работеле се’ и сешто, жилаво опстојувајќи и во борбата за подобра иднина и да се заработи некоја пара за да ии се испрати на своите најблиски. He ретко во таа борба се губело здравјето, a ce губел и животот…

Данокот на гурбетџиството бил голем, дури и крвав. Работеле тие на тунели, на железнички пруги, патишта, на високите билдинзи, на градби, на фабрики, во ресторани и каде се не! Од тешко потешко, од мачно – помачно. Рецесии, кризи, економски проблеми, што се не им поминало преку глава. А, токму маката и ги споила и ја родила во нив потребата да се здружуваат, да бидат заедно и да си помагаат. Така и почнале да се формираат првите братства, првите спомагателни друштва, потоа и клубови и слични форми на собирање и дружење.

Се организирале и за да се зачува своето македонско име, својата национална гордост, своите духовни, православни, роднокрајни обичаи, јазик, традиции, да се зачува и да се афирмира својата богата историја и култура и конечно да се задржи и да се шири врската меѓу старата и новата татковина, Македонија -Канада.

Некаде во 1905 година во Канада почнале да никнуваат селските и регионални братства, а преку нив им се помагало на немошните, болните, безработните… Постепено тие израснувале во се позначајни друштва и организации во кои судбината ја споделуваат заедно, па каква и да е таа во туѓина.

Пропагандните прсти на душманите, непријателите се мешале уште од почетокот. Бугарската, грчката и српската политика не мирувале, туку врбувале луѓе и правеле се тие за да влезат меѓу Македонците за да роварат и да ги разделат.

2golКвин Стрит“ во Торонто, во минатото

Многумина од почетокот биле заведени неможејќи да ги “прочитаат” лошите намери на туѓинците. Од неукост или од заплашување и од терор влегувале во таквите асоцијации, но со текот на времето увидувајќи во какви пајакови мрежи се попаднати, тие постепено се оттргнувале за да избегаат конечно од менгемето на непријателските раце.

Првите организирани спомагателни братства во Канада се формирани во 1910 година од иселениците кои се дојдени од Ошчима, Баница, Смрдеш, Буф, Трсје, ад Преспа, Охрид од битолскиот крај итн. Подоцна веќе почнуваат тие да стануваат се побројни и ги има се повеќе. Овие асоцијации се места во кои масовно доаѓаат Македонците за да се дружат, да си даваат одишка на својата душа и да ја лекуваат тешката носталгија во самотните дни и ноќи.

За верските и други празници се организираат најразлични средби, веселби, пикници… Се организираат и игранки, прослави, се слават македонските национални празници, се слават значајните денови во спомен на Гоце Делчев, на ослободувањето, на македонското славно минато и сегашност и сето тоа се одбележува со почит и со гордост низ разни сеќавања, предавања, говори, низ песна, оро, прослави, итн. Така, Македонците се повеќе стекнуваат свое име. Стануваат се позначаен фактор во Канада и го свртуваат вниманието на, канадската јавност.

Кога се виде дека само добро организирани можат да бидат силни и цврсти, отпорни кон разните пропаганди и непријатели, и дека само обединети можат да бидат значајни и уште повеќе ценети и почитувани, тие веќе прават планови како да го остварат тоа.

Bo 1958 година до Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква беше испратено писмо од Канадско-македонската лига, во кое, меѓу другото, се вели: “Маглата со која беше обвиено нашето национално прашање во минатото, се расчистува. Ова прашање за канадско-македонската генерација со создавањето на нашата Република дефинитивно е решено… За канадскиот Македонец и Македонка се отвораат светли перспективи за национално постоење и изразување…

Немајќи своја црква, канадскиот Македонец станува објект на дива дискриминација на бугарскиот, грчкиот и српскиот шовинизам… Како Македонци, иселеници во Канад и даваме поткрепа на македонската земја и на Одборот за организирање на Македонската православна црква”.

Една од најзначајните акции е секако иницијативата што дојде од Македонците кои членуваа во братствата на Желево, Трсје, Ошчима, Трнава, Рула, Баница, Буф, Арменско, од Лерин, Битола, Костур, Преспа, Солун и од други места, кои беа добредојдени на договорот околу сега веќе заедничкото работење.

Така и се роди иејата и во 1959 година се формира вдна од најстарите, најзначајна, најпатриотска и најмасовна организација “Обединети Македонци” во Канада која со текот на времето израснува во се поцврста и позначајна организација што покрена толку многу акции и која не згасна, туку напротив, стануваше и станува силен македонски патриотски организам со филијали во Америка, Австралија, Европа – во Скопје.

И покрај разните противници, кои ровареа и гледаа по секоја цена да ги уништуваат, “Обединети Македонци”, ги прегрмеја замките и развија извонредно широка, национално силна активност на планот на верското, историското, културното и друго постоење на Македонците ао мултикултурна Канада.

3gol Од активностите на желевци во Торонто 

Властите на Канада немаа проблеми и конфликти со македонските иселеници и затоа кон нив имаа симпатии и поддршка, бидејќи тие ја имаа стекнато веќе довербата на вредни, мирољубиви и трудолзубиви, луѓе кои ја сакаат правдата и кои се лојални граѓани на нивната втора татковина. 

Ова се заедно беше и на некој начин поттик за засилена, за се помасовна и позначајна работа на друштвата, здруженијата и клубовите кои ги имаше поприлично и тие работеа за доброто на своите членови и својата припадност. Тие имаа веќе и свој покрив над главата, а така соединети и обединети се потешко можеше некој да ги разбива и да им се уфрлуваат разбивачки и непријателски сили, кои упорно работеа против светите и светли традиции и добронамерни цели и интереси на македонскиот народ и неговите луѓе раселени во светот. 

А Македонците во Канада градеа, работеа, правеа најубаво што можеа и најголемиот дел од нив го одбранија својот чист образ. И вистина, дадоа се од себе за доброто и напредокот на својата родна земја, која по векови и векови долги ропства во еден дел стана, сепак, слободна и во неа може секој да каже дека е Македонец. Таговно при тоа, погледнувајќи кон јужните свои егејски браќа и сестри no крѕ, што ги прекрствуваат и ги асимилираат, или гледајќи на исток, кон пиринските простори каде што крвавеше уште еден дел свој, македонски.

За ваквите неправди во Канада се зборуваше постојано! Патриотските организации, друштва и здруженија развиваат една голема активност за да и покажат и да и докажат на најшироката канадска јавност дека се уште има неслободни делови од првата татковина и дека неправдите и злото што им се прави е пострашно од многу војни и ужаси.

Колку тешко паѓаше и нерешеното македонско црковно прашање, кое беше меѓу најважните преокупации на Македонците. Тие постојано се прашуваа – до кога ќе делат дел од својата уста, до кога ќе ја даваат и последната пара од сопствениот џеб за да им градат црква на туѓинци.

Таков е случајот со црквата “Свети Кирил и Методи, и многу други во Канада и САД. Како најсоседна, од Бугарската православна црква се побара духовна јурисдикција, но не и ставање целосно рака и нејзино присвојување. Македонците претци беа измамени и тие вистина не можеа да најдат спокојство се до времињата кога се дочека моментот на осамостојувањето, поточно на обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

Меѓутоа, кој чека тој и дочека. Македонците се почувствуваа горди, силни и сигурни само под закрилата на мајката црква и правеа се да ја добијат својата автокефална црква Беше просто неразбирливо и не можеа да сфатат и прифатат, каква е таа неправда за еден народ кој со многу крв и жртви ја извојува и ја плати својата слобода низ една тешка борба и со толку непријатели, и да нема своја православна, самостојна црква, a има државност, има своја Република Македонија со сите свои белези.

Продолжува

1Slave Katin 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

One thought on “Гурбетџиството кај Македонците

  1. I found this article both enjoyable and educational. The points made were compelling and well-supported. Let’s talk more about this. Check out my profile for more interesting reads.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *