Албанскиот министер за дијаспора и поранешен премиер, Пандели Мајко, смета дека дијаспората на една земја се идентификува според националноста, е не државјанството.
Вака му одговорил на пратеникот во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција и член на Комисијата за надворешна полтика, на седница на комисијата, на чиј дневен ред бил предлогот на Стерјовски за измени и дополнувања за Законот за дијаспора.
-Не постои меѓународно познат модел во третирање на припадниците на малцинствата како дијаспора. Во согласност со меѓународно прифатените модели, законската инцијатива создава недоразбирања со матичните земји на малцинства, кои воспоставија стандардизирани политики за третман на албанската дијаспора во земјите домаќини. Дијаспората се идентификува според националноста, а не според државјанството, рекол Мајко, стои на објавата на официјалната интернет страница на албанскиот Парламент.
Стерјовски измените и дополнувањата на Законот за дијаспора до албанското Собрание ги поднесол на 30 јули годинава.
-За време на презентацијата на нацрт-законот за комисијата, Стерјовски ги истакна целта и суштината на иницијативата, нагласувајќи дека одговорното министерство, како и агенциите кои се занимаваат со соработка со дијаспората, треба да се грижат институционално и да ги вклучуваат во своите активности и припадници на малцинствата, кои како државјани на Албанија се дел од албанската дијаспората,стои во објавата.
Аднор Шамети изветувач по предлогот рекол дека иницијативата е во спротивност со постојното законодавство за националните малцинства (закон од 2017 година) и дијаспората (закон од 2018 година). Шамети појаснил дека по добивањето на иницијативата, се побарало мислење од ресорните министерства, кои се изјасниле против.
На седнцата која се одржала преку електронската комуникациска платформа, освен Стерјовски, предлогот го подржал само Лигораќ Карамело од грчкото малцинство.
Great article! I loved the humor you infused into the topic. For a deeper dive, check out this link: EXPLORE NOW. What do you think?