Пендаровски – Лајчак: С.Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори

Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020” во Братислава.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, специјалниот претставник Лајчак посочи на Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се соочува регионот особено во поглед на регионалната стабилност, како и значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Шефот на државата, како што е наведува, го информираше високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и изрази задоволство од нивната редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *