Премиерот Зоран Заев се сретна со Драган Јаќимовиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата држава, кој му посака успешна работа во новиот мандат во насока на одржување на стабилност и просперитет за сите граѓани, соопшти владината прес-служба.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од цврстите пријателски односи кои ги имаат двете земји, констатирајќи дека нема отворени билатерални прашања, туку само услови за унапредување на соработката во областа на економијата, енергетиката, туризмот и областите значајни за граѓаните на двете држави.
-На средбата беше изразено задоволство од иницијативите за регионална соработка и изразена подготвеност за соработка за што поскоро остварување на евроинтеграциската стратешка цел на Северна Македонија, како и на Босна и Херцеговина, информираат од Владата.
I thoroughly enjoyed this article. The author’s perspective was fascinating and left me with a lot to think about. Let’s dive deeper into this subject. Click on my nickname for more insights!