Засега, не е планирано некое патување на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Скопје. Може такво нешто може да се случи во иднина, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на евентуална посета на Мицотакис на нашата земја.
– Постои можност за една следна средба на премиерот и со господинот Заев и со господинот Борисов, во рамките на „Thessaloniki Summit“ во Солун. Ова ќе го видиме подоцна, во ноември, рече Пецас.
За вчерашната средба на премиерите на двете земји, портпаролот на грчката Влада рече дека она што е важно е дека Грција секогаш ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а секако и на Северна Македонија.
– Мислам дека покажавме дека во последно време доста напреднавме на сите нивоа. Во Парламентот веќе се доставени соодветните договори поврзани со напредокот на оваа соработка. Исто така, имаме кажано дека претпристапните разговори на ниво на ЕУ се секогаш добар форум, за да се задоволат грчките интереси. При секое отворање и секое затворање на поглавјата во преговорите, ќе се рефлектира позицијата на нашата земја ќе се рефлектира, рече Пецас.