МД „Илинден“ – Тирана апелира за спас на Преспанско Езеро

Македонското друштво „Илинден” – Тирана бара итна средба на претставници на албанската и македонската влада за да почне преземањето мерки за спас на Преспанското Езеро.

-Ваквото барање на нашето друштво не е ништо ново, ниту неостварливо. Напротив. Актуелната состојба со Прспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Преспанското Езеро,е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, тоа на одредени места е повлечено и до 200 метри од брегот,изјави за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Додава дека алармантната состојба со недостигот на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро.

-Во време кога и Македонија и Албанија, вложуваат сопствени средства, но земаат и огромни суми од европските институции за заштита на екосистемот, недозволиво е да не вложат во зачувување на флората и фауната во и околу Преспанското Езеро. Секако. Значењето на езерото е огромно и за Македонците од областа Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро,посочува Ѓурѓај.

Оценува дека економските импликации по населението кое живее околу езерото се катастрофални и додава дека страда земјоделството, риболовот и секако туризмот.

-Вака согледувајќи ги последиците под итно владите на двете земји треба да преземат мерки за санирање на незавидната состојба на Преспанското Езеро. Секако, за еколошката катастрофа на Преспанското Езеро голема вина со ненавременото реагирање сносат и н градоначалниците во општините чии атари се наоѓаат на бреговите на Преспанското Езеро,посочува Ѓурѓај.

Ние како друштво, нагласува тој, сметаме дека молчењето и нереагирањето на уништувањето на Преспанското Езеро не е намерно и смислено делување на оние кои сакаат Македонците од преспанскиот крај да бидат економски зависни и понижени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *