Првиот библиски речник на македонски јазик

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“ кој е на македонски јазик, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографски термини… : од Гедеон (Јероваал– смели услешенвојсководецвоизраелскатавојска, до Гробови – Евреите гробовите кои ги правеле длабоко засечени во карпите, со хоризонтален отвор кој се покривал со камена плоча

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопени неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот.

2.9.4  2.9.5

Коавторот на „Библискиот речник” Славе Николовски – Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.

Гедеон (Јероваал– смел и услешен војсководец во израелската војска (Суд 6,11-8,35), во нивната борба со Мидјаните. Се спротиставил на обожувањето на идолите кај Израелците и ја утврдил нивната вера во Бога. Од местото Офра го отстранил обожувањето на ваал (баал) и затоа се вика Јероваал.

Геена– 1) во НЗ назив за долината Хином, на еврејски Гехином, каде многубошците жртвувале деца на богот Молох (2 Цар 16,3;21,6; 23,10); се наоѓала кон запад и југ од Ерусалим. Изразот Геена се користел со значење на ,,пекол”. 2) во НЗ подземно место каде грешниците се фрлале во „огнениот пекол” (Мт 18,9), во ,,неизгаслив оган” (Мк 9,43.45.47). Во времето на лошите цареви Евреите кои се приклониле на идолопоклонството, на тоа место му ги жртвувале дури и сопствените деца на бакарниот амонитски бог Молох. За да ги одврати од тоа место, побожниот цар Јосија наредил таму да се фрла секое пцовисано животно и труповите на престапниците (4 Цар 23,10-14). За да се избегнат зарази, цело време горел оган. Затоа Геената била наречена „Огнена Геена”, односно пекол.

Гезер – ханаански град против кого војувал Исус Навин (ИН 10,33), Бил сместен меѓу ридовите, кај еден од премините од Јафа за Ерусалим. Бил египетски град, се додека еден од фараоните не и го дал на својата ќерка и жена на царот Соломон. Соломон го утврдил и го користел првенствено каќо база за снабдување во воено време (3 Цар 9,15-17). Таму е откриен т.н. ,,гезерски календар”.

Гелвуја – планина во која бил преминот од Равницата израелска до реката Јордан; таму победил судијата Гедеон (Суд 7,1-22), а царот Саул и неговите синови биле поразени иубиени (1 Цар31; 2Цар1,21).

Гераса – древен назив за Џераш, околу 80 км југоисточно од Галилејското Езеро, во Јордан. Еден од градовите на Декаполис (Мк 5,20). Во Мк 5,1 се споменува „страната гадаринска” и најверојатно значи „гадарински” или ,,герсерински”.

Гергеса – во Мт 8,28 се однесува на Гадара.

Гергесејци – старо племе за кое многу малку се знае, било поразено од Израелците под водство на Исус Навин (ИН 3,10; 24,11).

Гесем (Гесемска земја) – долина во североисточен Египет, каде Јосиф ги населил татко му и браќата (1 Мој 46,28); од цел Египет најблизу до Ханаан. Оттаму Израелците избегале преку Црвеното Море.

Гетсиманија – преса за масло, градина или овоштарник на падините на Маслинската Гора, каде Христос се молел после Тајната вечера (Мк 14,32; Мт 26,36; Јв 18,1; Мк 14,32-50).

Гијезиј – слуга на пророкот Елисеј. Не му бил верен, па се разболел од лепра (4 Цар 5,20-27).

Гилгал – круг од камења, име на повеќе градови во СЗ, а наречени така најверојатно заради купиштата камења поставени во спомен на убиените војници. Место меѓу Ерихон и реката Јордан. Таму логорувале Евреите после преминот на реката и таму направиле куп од камења. Оттаму тргнале да ја освојат земјата Ханаан. Се споменува како седиште на значајно светилиште, спаѓал во областа во која Самуил бил судија, а се споменува и во извештаите за пророците Илија и Елисеј. За пророците Осија и Амос богослужењето во Гилгал не било богоугодно, (ИН4.20; Суд 3,19; 1 Цар 7,16; 10,8; 2 Цар 19,15; 4 Цар 2,1; 4,38-41; Осија 4,15; Амос4,4).

2.9.6

Библиски гилгал

Гласник – човек што пренесувал одредена порака, било усно или писмено, од војничка или политичка природа (ИН 6,25; Суд 9,1; 1 Сам 19,1). Можел да преговара или да склучува договори (ИН2; 9,3-15); в.ангел.

Гог – назив за северните народи, непријателски расположени кон Израел (Ез 38,2). Нивните територии се нарекувале со заедничко име Магог, а се наоѓале најверојатно во Мала Азија. Праслика за сите израелски и божји непријатели.

Годолија – се покажа голем Јахве, лично име што го носеле пет личности од СЗ. Најзначаен бил еврејскиот намесник поставен од вавилонскиот цар Навуходоносор II после разорувањето на Ерусалим 586 г.пр.И.Х., а бил убиен од Исмаил, синот на Натанија (4 Цар 22-25).

Гоим – општ израз за незнабожечките народи (1 Мој 14,1; ИН 12,3). Во ИН 12,23 се употребува како лично имеза народ или место.

Голгота – на латински калвариа, черепница, наречено така најверојатно заради изгледот што потсеќал на череп; место каде е распнат Исус Христос, надвор од ѕидините на Ерусалим. Се споменува само во НЗ и не е позната неговата прецизна локација (Јв 19,17).

Голијат – филистејски џин, висок преку три метри, кого го убил Давид со прачка, додека бил уште младо момче (1 Цар 17).

Гомер – еврејска мерка за течност; в. Мерки.

Гомора (Амора) – еден од петте градови во рамнината јужно од Мртвото Море. Според 1 Мој 19,1 -28, Бог со земјотрес и сулфурен дожд го уништил овој град заедно со Содом, околу 1900 г .пр. И.Х. Жителите на тие градови живеле многу неморален живот. Христос ги споменува овие градови во Мт 10,15 како пример на Божја казната.

Горчливи треви – билки што се јаделе со бесквасниот леб на пасхалната вечера, во спомен на маките низ кои поминале Израелците пред да излезат од Египет (2Мој 12,8).

Господ над војските (Саваот) – еврејскиот израз што го означува Господ над Небеските војски.

Готониел  (Отниел) – полубрат на Халев, од Јудиното племе, му ја дал за жена ќерка си Ахса, парче земја и неколку извори, како награда што извојувал победа во Киријат-Сефер (,,град на книгатат“), за време на освојувањето на Ханаан (ИН 15,16-19).

Гошен – в. Гесем.

Гривна – оклоп на нозете, од коленото од зглобот (3 Цар 17,6).

Гробови – Евреите гробовите ги правеле длабоко засечени во карпите, со хоризонтален отвор кој се покривал со камена плоча -,,голал”. Исус ги споредува лицемерите со варосани гробови, однадвор бели и чисти, однатре – трули и распаднати (Мт 23,27- 29).

Продолжува

 9.9.9  5d

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *