Царовска со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето успешни политики

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на универзитетските студентски собранија на која  се разговараше за сите прашања  поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и Собранието на студентите и воопшто со сите млади во државата.

– Министерката Царовска истакна дека студентите и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард, информира МОН.

Претставниците на собранијата, како што се наведува во соопштението, истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, особено на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.

14 thoughts on “Царовска со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето успешни политики

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *