Новата Влада планира во следните четири години да продолжи со инвестициите во здравствениот систем, како во инфраструктура, така и во човечки ресурси, опрема и понапредни методи и терапии.
До крајот на годинава, како што меѓу другото се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година во делот кој се однесува на здравството, ќе биде дефинирана десетгодишната Стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе биде побарана собраниска широка поддршка за неа, бидејќи на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.
Во програмата се наведува дека Владата секоја година ќе ги зголемува платите на здравствените работници и соработници до 10 отсто и целта е најниската плата на здравствени техничари и медицински сестри да ја стигне просечната плата во државата до 2024 година.
-Од 2021 година трикратно ќе го зголемиме бројот на специјализации во точно определени области. Ќе распишеме и доделиме дополнителни специјализации во соработка со здравствената фела, имајќи го предвид недостигот на специјалисти во повеќе медицински гранки, ќе обезбедиме платен работен стаж за секој нов млад лекар, но и паричен надоместок како стимулација, сите лекари на специјализација со живеалиште надвор од Скопје кои го немаат решено станбеното прашање ќе добијат субвенција од 12.000 денари месечно, стои во програмата на Владата.
Се потенцира дека ќе биде потпишан Стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, ќе се отворат капацитетите на јавните здравствени установи (операционите сали) за користење на специјалисти согласно точно утврдени критериуми, со што би се оствариле дополнителни приходи на ЈЗУ, ќе биде развиен модел за системски промени во начинот на плаќање на примарната здравствена заштита, во кој ќе се вреднува обемот и квалитетот на услугите кои матичните лекари ќе ги спроведуваат.
Во таа насока, како што се посочува, за првпат ќе се воведат стандарди за превенција и следење на определени состојби и заболувања, прилагодени за примарното ниво на здравствена заштита, со промените во начинот на плаќање ќе се поттикне вложувањето во едукација, во технички и материјални ресурси и ќе се поттикне и активно вклучување на медицинската сестра во реализирање на здравствената грижа.
-Ќе воведеме систем на континуирана едукација за медицински сестри со цел зголемување на нивните компетенции и знаења во соодветната област каде што работат, со целосно здравствено- информатичко поврзување, комплетно ќе се избегне „шетањето“ на пациентот заради административни причини на релација матичен лекар-специјалист-матичен доктор- аптека. Владата ќе воведе целосно електронско здравство, без користење на хартиени форми на документи, стои во програмата.
До крајот на годинава Владата планира да ја воведе апликацијата „Мое здравје“ со која за секој граѓанин ќе се обезбедат електронски поврзани податоци и историјат на дијагнози и терапии. Со тоа, како што се наведува, граѓаните ќе имаат подобар увид и грижа за сопственото здравје. Се најавува зајакнување на капацитетите на јавното здравство (регионализација) преку функционално поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна).
Целосно ќе бидат вклучени здруженијата на пациенти во креирање и мониторинг на здравствените политики и на квалитетот на здравствените услуги со што ќе се зајакне улогата на пациентите во комуникацијата со стручната јавност при донесување на прописи и законски решенија од здравствената заштита.
-До крајот на мандатот сите болници и здравствени домови ќе ги направиме енергетски ефикасни, а ќе ги реновираме сите вакцинални пунктови и најстарите одделениjа во болниците. Во 2020 година ќе обезбедиме 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот. Ќе воспоставиме три нови пункта за Итна медицинска помош на подрачјето на град Скопје. Времето на одговор на итна медицинска помош ќе биде до 10 минути во урбани и до 20 минути во рурални средини, се наведува во програмата.
Владата во програмата најавува дека ќе ја започне изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје, што ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги за населението во целата држава.
Ќе продолжи реконструкција, проширување и опремување (вклучително и неопходен кадар) на клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, и ќе се анализираат потребите и можностите за нивно унапредување во Универзитетски клиники, земајќи ја предвид и локацијата, капацитетите и вредноста на инвестицијата на новиот Универзитетски клинички центар и тие центри ќе бидат многу поефикасни и подостапни на граѓаните со воведување на проект „Телемедицина“ каде патува информацијата, а не пациентот, кој ќе ги поврзува Универзитетскиот клинички центар во Скопје со трите Клинички болници во Битола, Тетово и Штип.
-Ќе направиме набавка на неопходна медицинска опрема за осовременување на установите вон Скопје и тоа „Св. Еразмо“ – Охрид, Општата болница – Струмица и Ургентниот центар во Тетово. Ќе инвестираме во нови и проширени постоечки капацитети на дневни болници во кои на пациентите, во текот на еден ден ќе им се пружаат дијагностички или терапевтски (интернистички, хируршки, педијатриски) услуги за кои не е неопходна хоспитализација. Ќе развиваме капацитети за долготрајно лекување и нега на хронични болни, особено за стари и неподвижни лица во тешка состојба, за кои домашната нега не е соодветна. Неискористените болнички капацитети ќе ги пренамениме во домови за стари лица, стои во програмата.
Се најавува формирање служба за парамедици во Итната медицинска помош, доекипирање патронажната служба во сите региони низ државата, врз основа на искуството од регрутирањето кадар во изминатите три години, формирање Совет за проценка на здравствената технологија при набавка на нова медицинска опрема или воведување на нови лекови на позитивната листа, ќе бидат донесени мерки и активности за намалување на морбидитетот, онеспособеноста и предвремениот морталитет предизвикани од најчестите хронични незаразни заболувања (кардио и цереброваскуларните заболувања, малигните заболувања и шеќерната болест), а од 2021 година ќе биде воведена нова превентивна програма за скрининг на рак на кожата (меланом).
-Согласно европските протоколи и клинички патеки, ќе се зголеми достапноста на мамографскиот скрининг, преку набавка на дополнителни мамографи и мобилен мамограф за да се подобри стапката на детекција на ракот на дојката во најраната можна фаза. Ќе ги зајакнеме превентивните програми за подобрување на оралното здравје, докторите од примарна здравствена заштита во места каде што недостасуваат лекари ќе можат да работат и да даваат услуги (дежурства, итна помош, вакцинални пунктови и патронажа) за што дополнително ќе бидат платени. Исто така, докторите од здравствените домови ќе можат да регистрираат пациенти како матични лекари, ќе се стимулираат млади лекари да работат во рурални средини, преку доделување на грантови на млади лекари кои сакаат да отворат ординации во рурални средини, се наведува во програмата.
Меѓу другото, се најавува и бесплатно лекување во болниците (ослободување од партиципација на одредени дополнителни категории на здравствени осигуреници) покрај досега ослободените вулнерабилни групи, обезбедување гинеколошки услуги преку капацитетите со кои здравствениот систем располага на секундарно ниво, докторите во болниците од областа на гинекологијата и педијатријата во места и региони каде што недостасуваат матични лекари ќе можат да регистрираат осигуреници како матични лекари од овие области, ќе има нови и проширени постоечки капацитети на дневни болници во рамките на здравствените установи во кои на пациентите во текот на еден работен ден ќе им се пружаат одредени дијагностички или терапевтски (интернистички, хируршки, педијатриски) услуги за кои не е неопходна хоспитализација, развивање капацитети за долготрајно лекување и нега на заболени од одредени хронични болести, особено за стари и неподвижни лица во тешка состојба, за кои домашната нега не е соодветна.
Ќе бидат основани центри за палијативна грижа (хосписи) – преадаптација на постоечки здравствени капацитети, ќе има ревизија на мрежата за секундарна стоматологија (протетика, орална хирургија и ортодонција), со цел да се изменат високите критериуми за вмрежување кои се во сегашниот модел, ревизија на ценовникот на услуги и воведување на нови услуги во тренд со новото време во стоматологијата, во секундарната стоматолошка здравствена заштита, ќе се воведат нови методи во секоја од клиниките преку носење на странска експерти за да се унапреди знаењето на нашите лекари и да се намалат трошоците за лекување во странство и ќе продолжи трендот на намалување на морбидитет и морталитет на мајки и новороденчиња, со тенденција за приближување до европскиот просек.
Владата ќе воведе телемедицински сервиси во покривање на определени дејности во здравството (кардиологија, радиологија, итна медицинска помош) со цел зголемување на достапноста и унапредување на квалитетот на здравтвената заштита, ќе иницира суштествени промени во организација на стоматолошката дејност со сериозна издржана епидемиолошка студија за оралното здравје на населението, од каде ќе произлезат суштествените промени во организацијата на стоматолошката служба.
– Ќе продолжиме со политиката „Лек во секое време и за секој пациент“ т.е без квотите кои го загрозуваа здравјето на граѓаните и создаваа нервози и страв во поголем дел од месецот. Оваа политика ќе гарантира обезбедени лекови и во аптеките и во болниците секој ден во месецот. Ќе продолжиме да ја ажурираме позитивната листа на лекови и да додаваме поквалитетни и помодерни терапии со лекови, на сметка на замена на застарени терапевтски третмани. Ќе продолжиме со системот на обезбедување на соодветни и подобри цитостатици и иновативни терапии за малигните заболувања. Како што покажавме на случајот со инсулинот и укинување на паралелниот увоз, ќе продолжиме со политиката на современи лекови исклучиво со сертификат за квалитет. Ќе ги унапредиме постапките кои се поврзани со проверка и анализа на квалитетот на лековите со цел гарантирање на нивниот квалитет до крајните корисници, стои во програмата.
Владата планира да објави регистар на запишани медицински средства за граѓаните да можат да го потврдат нивниот квалитет и ќе направи систем за следење на потрошувачката на лековите преку следење на секоја кутија на лек со cloud систем.
-Сето тоа со цел рационално да се употребуваат лековите, како и контрола и утврдување на постоечките залихи на лекови во земјава, со цел превенирање на недостатоци на одредени лекови и навремена замена на истите со цел зголемена достапност до пациентите. Тоа ќе го постигнеме преку електронско менаџирање на податоци, поврзување и целосно интегрирање на сите системи кои оперираат со податоци поврзани со лекови и здравствени услуги. Така ќе има целосна следливост на процесите поврзани со лековите и медицинските средства, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година.
casibom guncel giris: casibom 158 giris – casibom giris
casibom 158 giris
farmacie online autorizzate elenco: Farmacie on line spedizione gratuita – Farmacia online miglior prezzo
order prednisone from canada: prednisone uk buy – prednisone online
prednisone 250 mg: where to buy prednisone 20mg – generic prednisone otc
pharmacies in mexico that ship to usa: mexican pharmacy – mexican mail order pharmacies
medication from mexico pharmacy: mexican pharmacy – mexican pharmaceuticals online