Почина Вељо Цфарку еден од најпознатите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо

На 85-годишна возраст во Тирана почина Вељо Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од Голо Брдо.

Роден е 1935 година во селото Ѓиновец областа Голо Брдо, а по дипломирањето на Педагошкиот факултет во 1959 година 15 години работел како учител по селата во областа Голо Брдо, а во еден период бил и директор на основното училиште во селата Клење и во Требиште

-Цфарку беше еден од најпознатите активисти меѓу Македонците од Голо Брдо и пошироко и е автор на неколку книги и статиии. Со неговите дела помогна многу за пренесување кај младите генерации Македонци во Албанија на македонските обичаи, фолклор, традици. Заедно со други Македонци од областа,посебно со Цветан Мазнику, автори се на шесттомното издание на „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана,по веста за смртта на Цфарку.

Тој од имено на друштвото изрази длабоко и искрено сочувство до семејството Цфарку, човекот „со чиј животен пат и дело треба да се гордеат“.

Друштвото „Илинден“ во 2016 година му додели благодарница за особен придонес за македонското национално малциство во Република Албанија.

Од Цфарку на Фејсбук се прости и Џелил Цибаку, поранешен претседател на околијата Пешкопеа, каде теритопријално припаѓа Голо Брдо.

-Длабоко и искрено сочувство до семејството на Вељо Цфарку, познат интелектуалец и предан учител. Ве уверуваме дека ја споделуваме со вас болката што ја чувствувате. Даде голем придонес во образованието на младите, за што добитник е на признанието „истакнат учител“, како и орден „Наим Фрашери“.Почивај во мир мој пријателе, напиша меѓу другото Цибаку.

Сочувство до семејството на починатиот упати и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *