Ѓурчиновски: Денот на Армијата првпат го славиме како полноправен член на НАТО

Денес го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, прва година како полноправна членка на НАТО на што сме особено горди. Членството во Алијансата е бенефит и привилегија на секое демократско општество. Но, кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со респектирање на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски, рече началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во обраќањето по повод по повод 28 години од постоењето на Армијата.

Пред присутните гости на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, Ѓурчиновски истакна дека секоја генерација даде придонес и остави белег во развојот на Армијата.

-Да бидеме горди на достигнувањата зашто сите заедно успеавме и покрај сите предизвици во минатото, да станеме дел од најмоќната воена Алијанса во историјата на човештвото. Тоа е огромен успех на сите поранешни и сегашни припадници на Армијата. Имаме одговорност и патриотска должност да ги воспоставиме процесите за целосна интеграција на нашата Армија како полноправна членка во НАТО, порача началникот на ГШ.

Тој потенцира дека безбедноста, здравјето и благосостојбата на граѓаните ќе бидат приоритет за Армијата, но и нејзината трансформација по принципот „вистински луѓе на вистински места“, опремување и модернизација, како и доследно спроведување на обврските како полноправна членка на НАТО.

– Се соочуваме со невидлив непријател, КОВИД-19, но Армијата секаде и секогаш ќе се ангажира ако за тоа има потреба. Ќе продолжиме да се справуваме со пандемијата и со сите предизвици каде што можеме да помогнеме. Силата ја црпиме од професионалноста, посветеноста, исксутвото и знаењето. Армијата е на сите вас, во неа имате вистински пријател и сојузник кој нема никогаш да ве изневери, им порача Ѓурчиновски на граѓаните, независно од нивната, како што рече, етничка или религиска припадност.

По началникот на ГШ се обрати вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, а по неа следува обраќањето на претседателот на државата и врховен командант, Стево Пендаровски.

Одбележувањето на Денот на Армијата почна во 10 часот со почесна артилериска стрелба и со интонирање на македонска химна, на химната на НАТО, како и на химната на Армијата.

Со едноминутно молчење присутните им оддадоа почит на сите загинати и починати  борци за слободата на државата, на загинатите и починатите припадници на Армијата, како и на сите жртви од КОВИД-19 во земјава и во светот.

На одбележувањето присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски, генерали на Армијата и претставници на дипломатскиот и на воено-дипломатскиот кор во земјава.

Свеченоста се одржува согласно Протоколот за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.

One thought on “Ѓурчиновски: Денот на Армијата првпат го славиме како полноправен член на НАТО

  1. I found this article to be both engaging and educational. The points made were compelling and well-supported. Let’s talk more about this. Check out my profile for more interesting reads.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *