Со концертот „Од душата на традицијата“ вечер во Битола завршува јубилејното 50-то издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.
Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организтор на фестивалот најавуваат дека свеченото затворање ќе биде со спектакуларен концерт на кој ќе настапат Блгаојче Трајковски-кларинет и Елена Андоновска-вокал во придружба на групата „Фонтана“ и Тимко Чичаковски-канон, Ратко Даутовски-перкусии и Игор Милевски-виолина.
Инаку синоќа на предпоследната фестивалска вечер концерт со наслов „Фолклорен мозаик“ одржаа Басја Арифовска-кларинет, Душко Георгиевски-вокал и флејта, Ратко Димитровски-ударни инструменти, Благоја Алачки пред битолската публика свиреше на гитара и тамбура, Емил Адамски на кавал и акустичен бас.
-На фестивалот „Илинденски денови“ сум настапувала како дете со различни фолклорни аматерски друштва, во една прилика и со Драган Даутовски, а со моите пријатели прв пат настапивме на фестивалската сцена во Битола и на публиката и понудивме македонски изворни, турски и ромски песни, и еден албански сплет. Концертот беше одличен, го посакувавме и отсвиривме со задоволство, истакна Арифовска по завршувањето на синоќешниот концерт што се одржа во пациото на битолскиот Музеј.
Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на македонското Собрание.
This piece was both insightful and engaging. Id love to dive deeper into this topic with you all. Click on my nickname for more content!