Се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски.
Значи на сегашните 11 институции за дијагностика, посочи тој, планираме уште три нови што со цел да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1.500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2.000 на крајот на календарската година.
– Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче имаат подготвено план за проширување на болничките капацитети во 16 града со формирање Ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со Ковид-19 со цел целосно да се одвојат од останатите пациенти. Направивме план со формирање на 16 болници, две Ковид болници, што е слично со болницата, што ја имаме до Инфективна клиника, во кои ќе имаме сместувачки капацитети, дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во Клинички центар болен со Ковид-19, рече д-р Караџовски во гостување на ТВ21.
I like this web site very much, Its a real nice office to read
and find info.Blog monetyze