– Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните.
Ќе се гласа согласно протоколите на Комисијата за заразни болести кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за луѓето кои го спреведуваат гласањето, како и за гласачите.
Државната изборна комисија вчера организираше симулација на гласачкиот ден, што ја следеа и набљудувачите на изборите, меѓу кои и ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, на амбасадите, како и на политичките партии. Беше упатен апел до сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Симулацијата, според сите присустни, потврди дека може да се гласа без ризик за избирачите.
Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.
Гласањето на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.
На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
На 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.
На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.
Great read with a touch of humor! For further details, check out: READ MORE. What are your thoughts?