МД „Илинден”: Македонци во Албанија со македонско државјанство да гласаат на изборите на 15 јули

Македонското друштво „Илинден”-Тирана ги повика сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство, правото на глас на предвремните парламентарни избори да го остварат во Република Северна Македонија.

– Упатуваме повик до сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство да го остварат нивното граѓанско право и да гласаат на предвремните парламентарни избори на кои се избираат пратеници за новиот македонски законодавен дом. Правото на глас на 15 јули 2020 година да го остварат на избирачките места според последната пријавена адреса во место на живеење во Република Македонија, стои во соопштението на друштвото.

Тоа, како што се наведува, треба да се има во предвид со оглед на соопштението на Државната изборна комисија дека „ќе нема гласање надвор од територијата на Македонија односно во нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *