ЕУ со нова испорака на 65.000 хируршки маски за Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска

Европската Унија денеска со нова испорака на хируршки маски ФФП2 за четири балкански земји, Северна Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора преку механизмот РескЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, јави дописничката на МИА од Брисел.

РескЕУ е посебен механизам за брза реакција во итни ситуации, кој на почетокот на кризата со коронавирусот има улога да конституира резерви на медицинска опрема и да го координира нивното испорачување помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите кои учествуваат во РескЕУ, меѓу кои е и Северна Македонија.

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, порача дека дополнителни 65.000 заштитни маски ќе им бидат испратени денеска на овие четири земји.

-Иако констатираме позитивен развој на пониски стапки на инфекции во некои области, повеќе треба да се направи за да се спречи натамошно и ново ширење на коронавирусот, а заштитните маски се суштински во оваа борба, рече Ленарчич.

Комесарот и за заблагодари на Романија, која ја води целата операција на испорачување на овие маски во регионот.

Освен овие нови 65.000 маски, ЕУ веќе има доставено 370.000 заштитни маски на земји на кои им се потребни. Романија и Германија се првите земји кои прифатија да бидат одговорни за резервите на нивна територија. Операциите се целосно финансирани од страна на Европската Комисија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *