Кекеновски: Гласот за „Никогаш северна само Македонија“ е глас за чесните и праведните

Носителот на листа во изборната единица 2 од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ Јове Кекеновски во писмен допис до медиумите реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека „гласот за малите партии е глас за Заев“.

– Во име на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” се обраќам до јавноста со цел да ја искажеме нашата згорзеност од денешната изјава на либералдемократот Мицковски на чело на ДПСМНЕ со која по којзнае кој пат ја манипулира јавноста, сопственото членство и симпатизерите дека „Гласот за малите партии е глас за Заев“. Сакавме да веруваме и сметавме дека лагите и манипулациите на овој квазидемократ наметнат на чело на ДПСМНЕ се намалени и упристоени, дека ке се надмине себеи и својот карактер и ке се натрпеваура во духот на коректноста и демократичноста. Но, се излажавме. Се повтори онаа народната „Волкот го менува влакното, ама никако карактерот“, се вели во реакцијата на Кекеновски.

Тој порача дека гласот за коалицијата „Никогаш северна само Македонија” е глас за чесните и праведните, наспроти, како што вели, сите оние „одработувачи, амали на туѓиот и сопствен срам, рекетари, слуги, уценувачи и заштитници на криминалот“.

– Гласот за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” е глас против СДССМ, против дезидеологизиринатото Мицковистичко ДПСМНЕ, глас против ДУИ. Гласот за оваа коалиција е глас за оние кои имаат свој став, оние кои се праведни и чесни. Тоа е глас за народни пратеници а не за пратиски платеници, послушници и манипулатори, се вели во реакцијата.

Гласот за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија”, наведува, е глас за оние кои што го љубат своето

– Гласот за Мицковски и мицковистите е глас за соучесниците во промената на името. Тоа е глас за заштитниците на бегалецот од Будимпешта. Гласот за Мицковски е глас за оние кои бесрамно го лажат сопственото членство и јавноста, едно зборуваат дома, а друго пред мегјународната јавност каде клечат на коленици и се додворуваат, наведува Кекеновски во реакцијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *