Димитров: Со одлуката за старт на преговори со ЕУ, Северна Македонија оствари уште една стратешка цел

По многу параметри, со историската одлука на ЕУ од март оваа година за отпочнување на преговорите за членство, Северна Македонија оствари уште една своја стратешка цел и со подготвеност и амбиција го очекува конкретното  отворање на пристапните преговори, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на министерска видео-конференција во рамки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

– ПСИЈЕ е цврсто вкотвен во евроинтегративните аспирации на сите земји партнери која како една од најстарите регионални иницијативи досега дала голем придонес за обезбедување на мир, стабилност и економски просперитет во Југоисточна Европа, нагласи Димитров.

На конференцијата на ниво на министри за надворешни работи, која беше последен настан од претседавањето на Приштина со ПСЈИЕ, фокусот на дискусиите беше насочен кон изнаоѓање на начини за интензивирање на регионалната соработка во време кога Европа и светот се соочуваат со последиците од пандемијата на Ковид-19, како и кон приоритетите посветени на воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата и зачувувањето на културното наследство.

– На состанокот се потврди посветеноста на земјите од ПСИЈЕ кон унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

На конференцијата, покрај шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСИЈЕ, учествуваа и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу.

 

One thought on “Димитров: Со одлуката за старт на преговори со ЕУ, Северна Македонија оствари уште една стратешка цел

  1. Great article! The clarity and depth of your explanation are commendable. For additional insights, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *