ЕК: Одлуката за отворање на границите со западен Балкан треба да ја донесат земјите членки

И покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19 на западниот Балкан, Европската Комисија не ја менува препорака за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Минатата недела Европската Комисија препорача Европската Унија да ги отвори границите со западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји вон ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат прогресивно.

Оваа препорака за регионот останува, изјави портпаролот на Европската Комисија, Адалберт Јанз.

-Препораката да се укинат рестрикциите кон западниот Балкан не е само поврзана за епидемиолошката состојба туку и за блиската интеграција на ЕУ и нашите односи со регионот, но ние секако од блиску ја следиме епидемиолошката ситуација и одлуката што ќе ја донесат земјите членки до први јули ќе ги земе предвид последните бројки, изјави Јанз.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *