Грчките медиуми денеска акцентот на текстовите го ставаат врз изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев, дадена вчера во Тиквешијата, за тоа дека во досегашните разговори за името биле усогласени три од седум точки.
„Три од седум теми во разговорите за името, веќе се затворени“; „Заев: Прифаќаме географска одредница, но не и временска“; „На половина пат преговорите за името на ПЈРМ“; „Заев откри: Затворени се три од седум отворени прашања“; Заев за името: Не е потребна ревизија на Уставот, затворивме три од седум прашања“; „Заев: Достоинството и идентитетот нераскинливи елементи во преговорите со Грција“, се само дел од насловите во грчките медиуми, во однос на тоа што вчера го откри македонскиот премиер од Неготино.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, онлајн изданијата на грчките медиуми, генерално го преземаа текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА.
Онлајн изданието на весникот „Та Неа“ пишува дека „само неколку часа пред новата средба на министрите за надворешни работи на Грција и Скопје во Бугарија, Зоран Заев излезе со важни изјави. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот на Скопје истакна дека се услогласени три од седум прашања, што се дел од консултациите меѓу двајцата министри за надворешни работи.
„Запрашан кои се трите прашања што се затворени, премиерот на ПЈРМ, рече дека тие се полесните прашања, без да навлезе во детали за да не се создаде, како што рече, впечаток дека се преговара преку медиумите“, пишува грчката државна агенција АНА-МПА.
„Премиерот на соседната земја Зоран заев изрази убеденост дека преговорите со Грција за името се движат на добра основа“, пишува онлајн изданието на весникот „Ефимерида тон сидактон“ и потсетува дека седумте прашања во разговорите се: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.
Токму овие седум прашања, што ги наведува весникот како дел од преговорите, во интервјуто за државната телевизија ЕРТ на 29 јануари ги спомена и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас.
Во однос на името, грчките медиуми коментираат дека Атина преферира тоа да биде без превод, на македонски јазик и еден слеан збор, додека, пак, Скопје, бара да бидат два одделни збора. Телевизијата „Стар“ вчера објави дека името за кое постои почетна согласност и од двете страни е „Горна Македонија“.
I appreciate the humor in your analysis! For those interested, here’s more: FIND OUT MORE. What do you think?