Претседателот Стево Пендаровски најави дека денеска ќе побара од лидерите на најголемите политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите.
Тој смета дека лидерска средба во форматот кој го имале до сега два пати, нема да има потреба да се одржи повторно, затоа што позицијата на другите лидери се изборите да се одржат на 5-ти или 19-ти јули.
-Контактирам секој ден со политичките лидери особено со овие кои имаат најголеми разлики во делот на датумот мислам дека нема ниту еден ден од последниот пат кога се видовме по истиот овој повод да не сум разговарал со Заев и со Мицкоски. Денеска од сабајле не сум разговарал, меѓутоа имам намера веднаш по завршувањето на оваа прес-конференција да ги побарам двајцата бидејќи мислам дека време за губење немаме. Ако разликите меѓу двата главни политички блока, се разбира дека има и други партии и позиции кои се значајни и релевантнои и еднакво ги третирам сите нив, меѓутоа тие во овој момент не се разликуваат од овие два политички блока, рече Пендаровски на денешната прес-конференција.
Пендаровски додаде дека треба сите да се издигнат над овој момент кој е многу сериозен и комплексен, и да се најде решение бидејќи како што рече, не станува збор за месеци или години, туку за 8 до 15 дена разлика меѓу двата главни политички блока.
Кажа дека е можно и да ја преиначи одлуката за вонредната состојба и таа да биде продолжена уште неклку дена со цел да се дојде до меѓупартсики консензус за терминот на изборите.
Забележа дека не би било добро да имаме неинклузивен изборен процес, но и нефункционални институции.
-Ние имаме такви правни дупки сега, нема собрание, а има техничка влада. Техничка влада има лимитиран мандат, има само една главна задача, да организира избори. Изборите поради пандемијата беа одложени. Ние имаме дисфункционален политички систем во целина. Ако одиме со неинклузивен изборен процес во кој барем една половина од политички спектар ќе остане на улица и нема да ги почитува институции ќе биде уште полошо. Ако институциите се дисфункционални не сакам ни да размислувам што ќе се случува на седница на Влада, рече Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски денеска откри и дека власта и опозицијата неодамна се договориле дека изборите не мора да се оддржат во недела, туку може и во среда.
– Сега е топло, граѓаните може да не бидат дома во недела, да заминат некаде. Гласањето во среда, наместо во ден недела, може да се уреди со носење на уредба на Владат, рече Пендаровски. Додаде дека сите се свесни дека одѕивот на гласачите ќе биде најмал досега.
Сите политички лидери, како што рече, се согласуваат дека одѕивот ќе биде многу помал од претходните избори. Според некој анкети можеме да имаме опаѓање на излезноста од 20 до 25%, рече претседателот Пендаровски.
Власта и опозицијата, како што додаде, се согласни дека на изборите мора да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР и дека ДИК во соработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви безбедносни протоколи за гласање.
comprare cialis online Mobile phones, batteries, motors, even electric toothbrushes and wireless massage pumps, Huaxia products have swept across North America with a destructive momentum