Во Државниот санитарен инспекторат е потврден еден позитивен случај на заболено лице од Ковид-19, соопштија за МИА извори од ДСЗИ, посочувајќи дека станува збор за административен работник.
Изворите наведуваат дека е направена епидемиолошка анкета, по што тројца административни работници од Инспекторатот и еден инспектор се ставени во самоизолација.
Дополнително, лицето кое е позитивно на вирусот имало контакт и со шест лица од Министерството за здравство, како и со едно лице од Инфо центарот „Мој термин“, кои, исто така, се во самоизолација.