“Бугарските историчари и научници не престануваат да лажат и манипулираат.
Според Ана Кочева од институтот за бугарски јазик, Македонскиот јазик е формиран во 1944/45 година. Таа тврди дека македонскиот јазик бил создаден под притисок на Југославија, а наводно тогаш имало притисок во Македонија да се зборува српски, но според неа во Македонија имало одбојност и затоа останал бугарскиот јазик, со исфрлување на една буква.
Не можам да сфатам, како може млади личности, а да имаат анамнеза!
Би сакал да ја прашам младата докторка на науки, како може денес во 21 век, да не знае да се снајде и да ја открие вистината?
Само треба подлабоко да испитате и се’ ќе ви биде јасно.
Велите дека нема mакедонски јазик и Македoнци во Бугарија.
Како така наеднаш исчезнаа Македонците кои во 1946 година ги добија правата да учат и да зборуваат на македонски јазик и да бидат признати како Македонци, пред се’ во Пиринска Македонија, од вашиот прв Претседател Ѓорѓи Димитров. Со политичка одлука во 1959 година им го одзедовте правото да бидат Македонци и да зборуваат македонски јазик. Зошто се плашите да ги регистрирате друштвата и да ги признаете Македонците? Сиот cвет знае дека повеќе од 1 милион Македонци живеат во Бугарија, но вас тоа треба да ви биде гордост, а не да се плашите од културините придобивки.
Господа фалисфикатори на историјата, размислете пред да зборувате.
Ако погледнете подалеку, веднаш ќе ја откриете вистината дека сте Татаро – монголско племе, но вас ве плаши вистината.
Ви препорачувам, преиспитајте се кои сте и што сте. Штом ве нема подлабоко во историјата, немојте да мислите дека и долго ќе ве има во иднината. Не заборавајте дека Македонија е колевката на цивилизацијата, писменоста и уката во централниот и источниот дел на Европа, па дури до Азија.”
Претседател на Македонска Алијанса,
Ѓорија Џорџ Атанасоски