Нови 16 случаи на Ковид-19, 14 оздравени и тројца починати

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 14 оздравени пациенти во Скопје-3 и Тетово-11 и 16 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што соопшти Министерството за здравство, почина пациентка од Велес на 78-годишна возраст, хоспитализирана на 14 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на 84 години, примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје 76-годишна примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 733, активни 208
•       Куманово – 436, активни 35
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-46, активни 11
•       Прилеп –210, активни 46
•       Тетово – 177, активни 70
•       Струга – 76, активни 9
•       Велес – 127, активни 40
•       Битола –28, активни 7
•       Охрид –23, активни 8
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –22, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 0
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 0
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 0
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 0
•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 314 теста се преку: ИЈЗ –292, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -13  и МАНУ -0.  Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се седум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, се наведува во соопштението од Министерството.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *