Пендаровски и Радев поради коронакризата го одложија чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим

Претседателот Стево Пендаровски ја откажува посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј на 24 Мај поради состојбата со Ковид-19, соопштија од Кабинетот на Претседателот.

-Државните делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија веќе неколку години заедно оддаваат почит на 24 Mај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан. Имајќи ја предвид пандемијата на Ковид – 19, како и фактот дека Република Италија е една од земјите која се соочува со големи предизвици, кабинетите на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев донесоа одлука дека одбележувањето ќе го поместат во втората половина на 2020 година кога условите тоа ќе го овозможат, на соодветен ден и датум, стои во соопштението.

Од кабинетот на бугарскиот претседател Радев потврдија дека посетата е одложена, и дека со Ватикан ќе биде утврден нов датум за заедничко одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во втората половина од годинава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *