Хидросистемот „Стрежево“ со инвестиција од 20.000.000 денари во цевководната мрежа

ЈП „Стрежево” – Битола инвестира 20.000.000 денари во делот на водостопанската инфраструктура, со цел да се реализираат сите предвидени проекти на кои што работи за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.

-Во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод Г-1 ( Драгарино – Могила) замена на дотраени цевки фи-500mm со нови дуктилни цевки фи- 600mm во атарот на Општина Могила.
Се врши промена и на хидромеханичка опрема во селата Поешево, Кравари, Бистрица, Олевени и Жабени односно се инсталираат линиските затворачи фи 600mm на главните цевководи: 6Ц (Кравари – Оптичари), 7Ц (Бистрица) и 8Ц (Барешани-Жабени-Егри), велат од ЈП „Стрежево” – Битола.

Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација, како што посочуваат,  ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќесе добие посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот „Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *