ВМРО-ДПМНЕ: Додека Делчев е жив во нашите срца жива ќе е и Македонија

Партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ денес го одбележеа 4 мај – Денот на смртта на најголемиот македонски великан Гоце Делчев. Партиски делегации во повеќе градови ширум државата му оддадоа почит на најголемиот национален херој кој својот живот го положи за независна и суверена Македонија.

Партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ му оддадоа почит на великанот во Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино, Штип, Гостивар, Кратово, Делчево, Куманово, Виница и Радовиш.

Живееме во време кога поради политиките на власта се оспорува македонскиот, јазик, историја, име и идентитет се оспорува и припадноста на Делчев, а без Делчев нема Македонија, Делчев е Македонија.

Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и не смее да биде предмет на било какви преговори и договори.

Со својата визија тој го обедини македонскиот народ во борбата за македонска држава. Како што го паметат нашите мајки и татковци, баби и дедовци така ќе го паметиме и ние како Македонец.

Се додека се сеќаваме и го паметиме, додека Делчев е жив во нашите срца жива ќе е и Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *