Мицкоски: Гоце Делчев не треба да биде предмет на било какви преговори и разговори

Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и е Македонија и не треба да биде предмет за какви било преговори и разговори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по положувањето цевеќе на гробот на Делчев во скопската црква „Свети Спас“ по повод 117-годишнината од неговата херојска смрт.

-Гоце Делчев беше човек, кој обединуваше и имаше визија, беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото и врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Тоа е човекот кој обединуваше, која загина за независна и суверена македонска држава, човекот кој практично е Македонија и е човекот врз основа на кого се темели современата македонска држава. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме, изјави Мицкоски.

Ние, додаде, не сме  како некои наши соседи во предизборна кампања да ги злоупотребуваме имињата на нашите дејци кои крвареле и животот го положиле за оваа држава, напротив се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја и врз основа на таа историја ја градиме иднината.

-Тие што се закопани во минатото нека останат таму во минатото на делби и поделби. Ние сме тука да шириме енергија која ќе обединува и не само во Македонија, туку и пошироко ќе гиобединува сите балкански народи, рече Мицкоски.

Прашан за коментар за тврдењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека нема проблем да има избори по завршувањето на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, Мицкоски посочи дека со тоа Заев признава дека не се исти сите политичари и оти власта и фотелјата му се приоритет, а не здравјето на граѓаните.

-Има политичари кои сакаат да го ублажат поразот на следните парламентарни избори кога и тие да се случат и со тоа не водат сметка за здравјето на граѓаните и за економијата. Во првите три проиритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Прв приоритет како конечно пандемијата целосно да остане позади нас, втор да ја застанеме на нозе економијата и трет да ја повратиме изгубената самодовреба помеѓу македонските граѓани. Ниту мене лично, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ни треба власт по цена на човечки животи. Прво да ги санираме последиците од пандемијата, а потоа да одиме на избори, потенцира Мицкоски.

Нагласи дека прво треба да се видат последиците од кризата врз економијата, а дури потоа да се направат проекти со кои ќе се излезе на избори пред граѓаните.

-Ние сме политичка партија која кога нешто ќе вети сака и да го испорача, а за да ветиме мора да имаме вистински бројки со какви последици ќе се соочи македонската економија. Не е прашањето дали на избори ќе излеземе со маски и ракавици, прашањето е дали можеме да спасиме некој човечки живот повеќе ако изборите се случат неколку месеци подоцна и кога ќе излеземе пред граѓаните што ќе ветуваме и да знаеме дека тоа што ќе го ветиме ќе го испорачаме, рече Мицкоски.

За иницијативата покрената пред Уставниот суд рече дека ќе почекаат прво Судот да се произнесе, а потоа ќе ја коментираат од нивно гледиште. Очекува на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски помеѓу 10 и 12 мај да се збору ва за деталите за продолжување на вонредната состојба, за конечно справување со вирусот КОВИД-19, економското заживување на државата и да ја коментираат резолуцијата што ја донесе бугарскиот Парламент, а дури потоа да се разговара за избори.

-Се надевам дека потоа ќе следи состанок на експертите, како што тоа беше првиот пат, за да најдат начин како понатаму да продолжиме да функционираме врз основа на тој политички договор, а во согласност со Уставот и законите, рече Мицкоски.

 

One thought on “Мицкоски: Гоце Делчев не треба да биде предмет на било какви преговори и разговори

  1. Fantastic article! Your perspective on this topic is truly insightful. For those looking to explore this further, I found an excellent resource that complements your points: READ MORE. I’m eager to hear what others think about this!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *