СДСМ: Навремените економски мерки на Владата потврдени и од Светска Банка, С. Македонија со најмали штети по економијата во однос на земјите од Западен Балкан

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со економските последици од кризата со коронавирусот, тоа е потврдено и од страна на меѓународни финансиски институции.

Светска банка излезе со најновиот извештај и можните сценарија за растот на економијата во периодот кој следува.Според овој извештај, земјите од Западен Балкан ќе паднат во рецесија оваа година и би можеле да забележат пад на домашниот бруто-производ (БДП) до 11,3 проценти.

Според извештајот на Светска банка нашата држава ќе претрпи најмала штета во однос на останатите во регионот. Односно пад на економијата од 1,4 до 3,2 проценти.

Ваквиот извештај на Светска банка за нашата држава уште еднаш ги потврдува одговорните и навремени политики насочени кон полесно и поефикасно справување со последиците од коронакризата.

Владата предводена од СДСМ, од почетокот на пандемијата активно работи на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот, а истовремено дава максимални напори преку  директно вбризгување на ликвидност во економијата, последиците од оваа корона криза да бидат колку може помали.

СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *