Нови 26 случаи со коронавирус, еден починат, 36 излекувани

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупниот број дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во државава изнесува 1.326. На Инфективната клиника во Скопје почина 80-годишен пациент од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, регистрира 36 оздравени пациенти од кои двајца пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 15, Прилеп – 6, Велес- 3, Кочани – 2, Пробиштип – 1 и Штип -7.

По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје.

Според последната дистрибуција по градови заболени од Ковид-19 има во: Скопје – 451, Куманово – 355,   Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –131, Тетово – 69, Струга – 61, Велес – 62, Битола –18, Охрид –15,  Кавадарци – 5, Гостивар –14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка -5, Радовиш – 4, Крушево – 3,       Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово -1 и Виница – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 408 тестови и тоа преку Институтот за јавно здравје – 233, преку Ветеринарен факултет -12, Авицена –15, Биотек –52, Клиника „Жан Митрев“ –76, Систина со PCR метода  -16 и МАНУ – 4.  Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени тројца пациенти, а хоспитализирани се вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се шест, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се шест пациенти, а седум се на респираторна машина.

Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани шест пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Клиничката болница во Штип болнички се лекуваат тројца пациенти, а на домашно лекување уште 15 пациенти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *