Пендаровски – Лајчак: Со назначување на специјалниот претставник, ЕУ испраќа позитивен сигнал за регионот

Претседателот Стево Пендаровски во денешниот телефонски разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, констатирал дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија испраќа позитивен сигнал дека регионот е меѓу приоритетите на Унијата. 

Претседателот Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, изразил поддршка за мисијата на Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина.

-Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.  Според претстедателот, со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата, соопшти претседателскиот кабинет.

Пендраовски, на крајот на разговорот му го честитал неодамнешното назначување на одговорната позиција, и му посака успех во работата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *