Филипче: Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните

Апел до граѓаните да носат заштитна опрема ако се сомневаат дека се заболени кога ќе одат во маркети, аптеки, банки…, упати синоќа министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.

– Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните. Вработените во маркети, аптеки, банки и сите останати кои се исто така изложени на ризик овој период. Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни, задолжително одржувајте дистанца. Да бидеме совесни и одговорни. Од нас зависи, напиша Филипче.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *