АБА ЛИГАТА СЕ ПРОШИРУВА?

Ако се остварат се погласните шпекулации дека од следната сезона АБА лигата во која се натпреварува и МЗТ Скопје Аеродром, ќе брои 14 членови, нашиот претставник кој е на последното место нема да испадне.

Имено, според пропозициите на оваа лига, последнопласираниот ја напушта лигата, што би значело дека Македонија следната сезона ќе нема свој претставник. Но, според Крешимир Новосел, директор на лигата, можно е таа од следната сезона да биде проширена и да брои 14 членови.

-Во текот на овој месец ќе се одржи Собранието на лигата, на кое ќе биде отворено и ова прашање. Ќе се зборува за сите позитивни и негативни страни. Сепак клубовите се сопственици на лигата и верувам дека ќе донесат одлука која е за доброто на кошарката на овие простори-изјави Новосел.

Ако се донесе одлука лигата наместо сегашните 12 да брои 14 клуба, статусот на актуелните клубови ќе остане замрзнат, значи остануваат сите, нема испаѓање, а од следната сезона се продолжува по старо.

МЗТ Скопје Аеродром се надеваме ќе има доволно време да се престрои и многу посилен од сега ќе продолжи да не претставува во оваа значајна лига за нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *