Населението постапува по препораките на Владата и соработува со полицијата и другите институции

 Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска со началниците на Одделот за специјални задачи ги посетија безбедносните пунктови Бошков мост, Извор и ХЕЦ Глобочица.
Припадниците на Единицата за брзо распоредување и Посебните единици на полицијата ги брифирале дека изминатото деноноќие поминало мирно и без никакви нарушувања и оти дотурот на храна и други неопходни производи во општините Дебар и Центар Жупа каде што е воведен кризна состојба, се одвива според утврдените безбедносни протоколи.
– Локалното население постапува исклучиво по препораките на Владата, соработката на МВР со другите институции е одлична и заедно ги надминуваме сите тековни предизвици. Населението соработува со полицијата и институциите и полициски час не е воведен. Централните институции и локалната власт заедно се грижат за населението кое се наоѓа на територија на кризните подрачја. Им благодарам на граѓаните за дисциплината и смиреноста, а на припадниците на МВР, ДСЗ, здравствените работници и сите вклучени за професионалноста и посветеноста. Заедно ќе успемее., објави Петровска на својот фејсбук профил.

 

One thought on “Населението постапува по препораките на Владата и соработува со полицијата и другите институции

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *