Во Центар Жупа строго се почитуваат препораките за заштита од коронавирус

Во Општина Центар Жупа строго се почитуваат препораките на надлежните во насока на спречување на проширувањето на коронавирусот.

– Посебно тука избегнување групни собирања, меѓусебни поздравувања, посети едни на други и останување во домашна изолација на оние кои доаѓаат од Италија. Благодарение можеби на совесноста на граѓаните немаме нови случаи на заразени се надеваме дека така ќе остане, велат од Кризниот штаб, што Општината го формира веднаш по потврдата за заразени од коронавирус на две лица од оваа општина.

Кризниот штаб додава дека веќе е извршена дезинфекција на просториите на општинската зграда, гимназијата и основните училишта, како и на здравствениот пункт. Исто така, извршена е дезинфекција и на возилата со кои се врши локален и меѓуградски превоз на патници.

Се планира дезинфекција и на верските објекти, џамиите, каде што по препораката на дебарското муфтиство многу ретко може да се види верник кој оди на молитва, што ја вршат дома.

Општинската администрација работи со редуциран број на лица, односно дежурства, а воведен е посебен ред за добивање одредена услуга, иако за волја на вистината тоа е реткост, поради препораката граѓаните да седат дома.

Во оваа општина се појавија првите заразени од коронавирусот, сопружници од селото Баланци на возраст од 62 и 68 години, кои се вратиле од Италија, каде биле во посета на нивни блиски. Во моментот во домашна изолација се 11 лица, меѓу кои и двајца лекари и двајца медицински техничари.

Во последните неколку дена од Италија во родниот крај пристигнале помал број жители од оваа Општина, за разлика од претходните денови кога тој број бил поголем.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *