„Коронавирус – С. Македонија: Се затвораат училишта и Универзитети“; „Затворени училишта во Никозија и С. Македонија“; „Коронавирус: Се затвораат сите училишта и Универзитети и во С. Македонија“; „С. Македонија: На две седмици се затвораат сите училишта и Универзитети поради коронавирусот“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на владата за да се спречи ширењето на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Онлајн изданијата на медиумите во Грција го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој се објаснети владините мерки.
-Во С. Македонија, до сега, се потврдени седум случаи на коронавирусот. Четири од седум се жители на С. Македонија кои со коронавирусот се заразиле додека биле на патување во северна Италија во изминатиот период, а другите три случаи се нивни роднини со кои биле во контакт, по враќањето во земјата. Пациентите се хоспитализирани во болница во Скопје со лесни симптоми, пишува АНА-МПА.
-Коронавирус и во С. Македонија, каде што владата одлучи – речиси во исто време со Грција и Кипар, затворање на две седмици на сите градинки, училишта и Универзитети како превентивна мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус, пишува информативниот портал „Њузит“.
Само неколку часа откако македонскиот министер за здравство ги соопшти владините мерки и одлуката за затворање на градинките, училиштата и Универзитетите, и министерот за здравство на Грција излезе со истата мерка – затворање на 14 дена на сите образовни институции.
What an engaging and informative article! The author did a great job. I’m curious about others’ thoughts on this topic. Click on my nickname for more engaging reads.